Гарет Бејл
at Гарет Франк Бејл (16 јули 1989 во Кардиф) — велшки фудбалер играч од средниот ред или напаѓач на Реал Мадрид и велшката репрезентација.
Гарет Бејл | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Гарет Франк Бејл[1] | ||
Роден на | 16 јули 1989[1] | ||
Роден во | Кардиф, Велс | ||
Држава | Велс | ||
Висина | 1,86 м[2] | ||
Позиција | Крило | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Реал Мадрид | ||
Број | 11 | ||
Младинска кариера | |||
Кардиф Цивил Сервис | |||
1999–2006 | Саутхемптон | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006–2007 | Саутхемптон | 40 | (5) |
2007–2013 | Тотенхем | 20 | (11) |
2013–2022 | Реал Мадрид | 176 | (81) |
Репрезентација ‡ | |||
2005–2006 | Велс 17 | 7 | (1) |
2006 | Велс 19 | 1 | (1) |
2006–2008 | Велс 21 | 4 | (2) |
2006–2022 | Велс | 102 | (38) |
* Ажурирано на: 19 May 2022 (UTC) ** Ажурирано на: 19 May 2022 |
Кариера
уредиКлупска кариера
уредиБејл ја започнал кариерата во екипата на Саутхемтон, играјќи како лев бек и веќе таму изградил репутација на одличен изведувач на слободни удари. Тој се преселил во Тотенхем Хотспар во летото 2007 година, за сума од 7 милиони фунти. За време на престојот во Тотенхем, менаџерските и тактичките смени во тимот го довеле да се трансформира во повеќе напаѓачки играч. Од сезоната 2009-2010, под водство на Хари Реднап, Бејл станал составен дел од тимот, а за време на сезоната 2010-2011 кон него се зголемило и вниманието на меѓународната јавност по одличните игри во Лигата на шампионите.[3][4][5] Во 2011 година и 2013 година тој бил прогласен за фудбалер на годината во Премиер лигата, и исто така бил избран и во УЕФА Тимот на годината. Во 2013 година, тој ја добил наградата за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата.
На 1 септември 2013 година, Бејл бил продаден на Реал Мадрид за сума помеѓу 91 милиони евра и 100 милиони евра.[6][7][8][9][10][11] Во јануари 2016 година, документите кои се однесувале на трансферот потврдиле дека тој изнесувал 100,8 милиони евра, засенувајќи ја претходната рекордна сума од 80 милиони фунти, односно, 94 милиони евра платени исто така од Реал Мадрид за Кристијано Роналдо во 2009 година.[12] Бејл одиграл суштинска улога во неговата прва сезона во Реал Мадрид, за да му помогне на клубот да ја освои шампионската титула во Лигата на шампионите но и во Копа дел Реј, постигнувајќи голови и во двете финалиња. Следната сезона, тој го освоил Суперкупот на УЕФА, и постигнал гол и во третото големо финале за да му помогне на клубот да го освои ФИФА Светското клупско првенство во 2014 година. Две години подоцна, тој бил клучен играч во уште една шампионска кампања во Лигата на шампионите, победувајќи го Атлетико Мадрид во финалето и бил избран во УЕФА тимот на сезоната.[13] Во 2016 година, ESPN го рангирал Бејл за дванаесетти на својата список на најпознатите спортисти во светот.[14]
Репрезентативна кариера
уредиБејл го направил своето деби за фудбалската репрезентација на Велс во мај 2006 година, со што станал најмладиот играч во тој момент кој настапил за еден репрезентација. Бидејќи тој има заработено повеќе од 60 настапи и постигнато 26 голови, го направи да биде втор стрелец во историјата на Велс одма зад Јан Раш. Тој бил најдобар стрелец за Велс во нивните успешни квалификациите за УЕФА Евро 2016, постигнувајќи седум гола;[15] На Европското првенство во Франција 2016 година, тој го одвел Велс до полуфиналето на првенството што претставува најголем репрезентативен успех на Велс.
Титули
уредиРеал Мадрид
уреди- Примера Дивисион : 1
- 2016-2017
- Куп на Шпанија : 1
- 2013-2014
- 2017
- Лига на Шампиони : 4
- 2013-2014, 2015-2016, 2016-2017, 2017-2018
- 2014, 2017, 2018
- Суперкуп на УЕФА : 3
- 2014, 2016, 2017
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Hugman, Barry J., уред. (2010). The PFA Footballers' Who's Who 2010–11. Mainstream Publishing. стр. 31. ISBN 9781845966010.
- ↑ „FIFA World Cup Qatar 2022™: List of Players: Wales“ (PDF). FIFA. 15 November 2022. стр. 32. Архивирано од изворникот (PDF) на 30 November 2022.
- ↑ „Riise: Bale is world's best left winger“. ESPN Soccernet. 10 November 2011. Посетено на 7 March 2016.
- ↑ „Fabio – Bale is world's best“. Sky Sports. 9 March 2011. Посетено на 30 December 2011.
- ↑ „Gareth Bale has everything says Tottenham manager Harry Redknapp“. BBC Sport. 28 December 2011. Посетено на 29 December 2011.
- ↑ „Real Madrid Sign Midfielder Gareth Bale For World-Record $132 Million“. CBS News New York. 2 September 2013. Посетено на 2 September 2013.
- ↑ Wilson, Jeremy (2 September 2013). „Gareth Bale joins Real Madrid from Tottenham for a world record fee of £86m“. The Daily Telegraph. Посетено на 2 September 2013.
- ↑ Peck, Brooks (1 September 2013). „Gareth Bale finally sold to Real Madrid and it's even FIFA 14 official“. Sports.yahoo.com. Посетено на 7 September 2013.
- ↑ Agence France-Presse (2 September 2013). „Cristiano Ronaldo is the boss at Real Madrid, says Gareth Bale“. Sports.ndtv.com. Архивирано од изворникот на 2013-09-05. Посетено на 7 September 2013.
- ↑ AS Diarioas (6 September 2013). „Real Madrid tell CR7: "You're still the most expensive player ever"“. AS.com. Архивирано од изворникот на 2016-01-16. Посетено на 7 September 2013.
- ↑ „Bale transfer fee revealed“. FIFA.com. 15 October 2013. Архивирано од изворникот на 2014-12-20. Посетено на 15 October 2013.
- ↑ „Gareth Bale contract leak sparks panic at Real Madrid - and agent's fury“ (21 January 2016). The Telegraph. 21 January 2016.
- ↑ „UEFA Champions League Squad of the Season“. UEFA.com. 30 May 2016. Посетено на 27 July 2016.
- ↑ „ESPN World Fame 100“. ESPN. 3 June 2016.
- ↑ „Wales 2-0 Andorra“. BBC. 13 October 2015.
Надворешни врски
уреди„Гарет Бејл“ на Ризницата ? |