Фабио Гросо
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Фабио Гросо (роден на 28 ноември 1977 година во Рим, Италија)е италијански фудбалер освојувач на светско првенство кој моментно игра во фудбалскиот клуб од Серија А,Јувентус.Примарна позиција на Гросо е левокрилен бек но може да игра и класичен лев бек.Тој исто така е специјалист за изведување слободни удари,пенал и корнери.Го постигна одлучувачкиот доцен гол против Германија во светското првенство 2006 година во полуфиналето и исто така го постигна победоносниот гол од пенал против Франција при изведување пенали во финале кое што Аѕурите го освоија.
Клупска кариера
уредиРенато Кури
уредиГросо е роден во Рим но потекнува од Кието во Абруцо,каде што неговото семејство набрзо се врати.Гросо се приклучи на клубот Ренато Кури Анголана во 1994 и играше во младинските категории до 1995 година.Тој беше промовиран во сениорскиот тим за сезоната 1995-96 и набрзо стана клучен дел од првиот тим.Подоцна во сезоната 1997-98 тој го напушти клубот Екселенца за да се приклучи на Калчо Киети за неодредена сума на трансферот. Гросо достигна 108 официјални настапи за Ренато Кури постигнувајќи импресивни 47 гола како полутка и како лево крило.
Киети
уредиГросо премина во Калчо Киети(Серија Ц2) во летото 1998 година.Тогаш како полутка тој повторно импресионираше во своите магични три сезони во Киети.Тој постигна 17 гола во 68 лигашки натпревари.Поради неговите импресивни настапи ,фудбалскиот клуб од Серија А,Перуџа Калчо на сред лето го доведе во своите редови во 2001 година. Перуџа Тој во јули 2001та година официјално премина во Перуџа Калчо од Серија А,и во неговата деби сезона во Серија А тој успеа да одигра импресивни 24 наптревари постигнувајќи само еден гол.Тренерот Серсе Козми го преориентираше Гросо во левокрилен бек и во неговата втора сезона во Перуџа тој ја задржа позицијата на стартер и одигра 30 натпревари со постигнати 4 погодоци.Во неговата трета сезона во Перуџа тој одигра 12 натпревари во првите шест месеци од сезоната 2003-04.Мало изненадување беше неговиот трансфер од Перуџа во Палермо во јануари 2004 година,тим кој тогаш се натпреваруваше во Серија Б.Во периодот кога беше во Перуџа,Гросо се здоби со првиот настап за Италија во 2003 година и од тогаш стана важен дел од националниот состав.
Палермо
уредиВо јануари 2004 година за време на зимскиот трансфер прозорец,Гросо премина во сицилијанскиот клуб кој успеа да влезе во првата италијанска лига кон крајот на сезоната,а тој одигра 21 наптревар за неговиот клуб во подоцнежниот дел од сезоната 2003-04 со еден постигнат гол.Првата сезона на Палермо во Серија А беше многу успешна со тоа што клубот заврши на шестате позиција на табелата со само 9 порази,и квалификувајќи се во Уефа купот.Гросо придонесуваше како стандарден првотимец со одиграни 36 лигашки натпревари и еден постигнат гол.Гросо одигра 33 натпревари за својот клуб за време на сезоната 2005-06 во Серија А,а Палермо импресионираше со финиш на солидното осмо место на табелата.Тој беше еден од четворицата фудбалери на Палермо кои го сочинуваа победничкиот состав на светското првенство предводен од Марчело Липи,но при крајот на сезоната Гросо беше продаден на Интернационале.
Интернационале
уредиГросо му се придружи на Интер за наводна сума од 5 милиони евра и плус фудбалерот Ернан Паоло Делафиоре на 6 јули 2006 година.Сепак Гросо не беше стандарден во првиот тим на Интер и често го користеа како замена.Тој одигра само 23 лигашки натпревари за Интер и постигна 2 гола.Поради разочарувачката сезона во Интер,Гросо избра трансфер во странство и го продадоа на Олимпик Лион во летото 2007 година,само една година по неговиот премин во Интер. Олимпик Лион Во јули 2007 година Гросо официјално потпиша четиригодишен договор со францускиот Олимпик Лион откако ги помина лекарските прегледи и ги договори личните услови.Тој го доби дресот со број 11.Неговата прва сезона во клубот беше доста успешна а тој беше стандарден првотимец во лигата на шампионите ив о Лига 1.Во неговата втора сезона во Лион тој беше ограничен на 22 лигашки натпревари,делмно поради повреда,но сепак често го поврзуваа со враќање назад во Италија за време на летниот трансфер прозорец во 2009 година и во август истата година тој официјално се врати во Италија во најуспешниот клуб на полуостровот,Јувентус.
Јувентус
уредиНа 31 август 2009 година се потврди враќањето на Гросо во Серија А по неговите одлични две сезони во Франција.По долгата потера за дефанзивецот од страна на Јувентус цело лето,се постигна договор во последниот ден од трансфер пазарот за 2 милиони евра и плус бонус до 1 милион евра.Тој веднаш беше вклучен во првите единаесетмина на Јувентус и ја започна сезоната во добра форма.Тој го постигна првиот свој лигашки гол против Удинезе Калчо во ноември 2009.Тој дотаму одигра 28 натпревари и постигна 2 гола.Во 2010-11 Јувентус отпушти неколку постари играчи,но како што се зборува Гросо одбил каков било трансфер.Паоло Де Чеље го поврати првотимското место а Гросо беше изоставен од дваесет и петте кои настапуваа во Уефа Европа Лига 2010-11.Сепак откако Јувентус загуби голем број од играчите поради повреди,Гросо и Хасан Салихамиџич беа повикани за првпат на 6 ноември.
Меѓународна кариера
уредиГросо беше член тимот што го освои светскиот куп на ФИФА во 2006 година.Во шеснаестфиналето против Австралија,беше досуден фаул од Лукас Нил поради старт врз Фабио Гросо во екстра времето и Италија доби пенал.Во интервју за фифа.цом во 2008та година Гросо го опиша инцидентот кој доведе до пеналот:"На неколку секунди пред крајот,Франческо Тоти ми подаде одлична топка по левата страна.Инстиктивно,и покрај заморот се впуштив во противничкиот шеснаесетник и, се колнам дека и покрај тоа што многу луѓе не ми веруваа,Австралискиот играч намерно ме закачи со своето рамо и јас паднав.Чист пенал.А Тоти не згреши"Како и да е,во 2010 година во интервју за Футбал+,Гросо за списанието изјави:"Помина долго време од 2006 година но ќе кажам со најголема искреност дека во моментот кога Неил се лизна во мене,можеби малку претерав.Но сепак мора да се потсетите дека беше последната минута од еден екстремно тежок натпревар и сите беа уморни.Го почувствував контактот и паднав.Притоа,повторно ќе кажам дека јас не го испровоцирав...вистина е дека го почувствував контактот и немав сила да продолжам напред.Некои луѓе ми веруваат а некои не.Сепак за мене,дури и кога ги гледам видео записите,тоа е пенал.Признавам дека не беше гламурозно,но не беше и скандал."Се појавија изјави во светските медиуми дека претседателот на ФИФА,Сеп Блатер на почетокот изјавил во интервју за австралиска телевизија дека одлуката да се досуди пенал за Гросо е неточна и несреќна.На 4 јули 2006,Гросо го постигна првиот гол против Германија во 119 минута со неодбранлив удар со ефе со левата нога,ставајќи ја топката зад мрежата на германскиот голман Јенс Леман на работ од шеснаесетникот,и славно трчајќи наоколу и викајќи:"Не ми се верува"додека неговите соиграчи славеа.Подоцна,во последните пет дена тој го постигна победоносниот гол од пенал против Франција,овозможувајќи и го на Италија четвртиот светски куп.Исто така Роберто Донадони го вклучи Гросо во тимот за европскиот куп 2008 година,и беше прв избор на левата страна во составот на Марчело Липи претходно во дресот на Аѕурите.Тој беше повикан во кампот за подготовки за светскиот куп заедно со своите колеги Џанлуиџи Буфон,Џорџо Келини,Фабио Канаваро,Никола Легротаље,Мауро Каморанези,Антонио Кандрева,Клаудио Маркизио и Винченцо Јакинта на 4-5 мај и беше вклучен во подготвителниот состав од триесетмина најавен на 11ти мај.Сепак во вториот тренинг камп,тој заедно со соиграчот Кандрева беа исфрлени.
Личен живот
уредиФабио Гросо е оженет за Џесика Репето.Имаат два сина:Филипо,кој се роди кратко по светското првенство 2006,и Џакомо кој се роди на 26 октомври 2009 година.Гросо студираше политички науки и течно го говори францускиот јазик.