Карим Бензема

француски фудбалер

Карим Мостафа Бензема (كريم بنزيما) (роден 19 декември 1987 година) — француски професионален фудбалер кој игра за саудискиот клуб Ал Итихад. Тој е опишан како "неверојатно талентиран напаѓач", кој е "силен и моќен" и " со изнвонредна реализација во внатрешноста на шеснаесетникот".

Карим Бензема
Лични податоци
Полно име Карим Мостафа Бензема[1]
Роден на 19 декември 1987(1987-12-19)(36 г.)
Роден во Лион, Франција
Држава Франција Франција
Висина 1.85 m[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Предлошка:Fb team Al-Ittihad
Број 9
Младинска кариера
1996–2005 Олимпик Лион Олимпик Лион
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004–2009 Олимпик Лион Олимпик Лион 112 (43)
2009–2023 Реал Мадрид Реал Мадрид 439 (238)
2009– Предлошка:Fb team Al-Ittihad 0
Репрезентација
2004 Франција Франција 17 4 (1)
2004–2005 Франција Франција 18 17 (14)
2005–2006 Франција Франција 19 9 (5)
2006 Франција Франција 21 5 (0)
2007–2015 Франција Франција 97 (37)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 29 септември 2020
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 29 септември 2020

Бензема е роден во градот Лион, каде што и ја започнал својата фудбалска кариера со локалниот клуб Брон Тераилон. Во 1996 година, тој се приклучил на Олипик Лион,  преку младинските категории. Бензема го направил своето професионално деби во сезоната 2004-05  и се појавил само спорадично во првите три сезони кога Лион освоил три титули во Лига 1. Во сезоната 2007-08, Бензема станал стартер во првиот тим и постигнал над 30 гола, со што му помигнал на Лион да ја освои својата седма лига титула. Со неговите одлични игри, тој бил прогласен за играч на годината во Лига 1 од страна на Националниот Сојуз на Професионални Фудбалери (UNFP) како и во тимот на годината. Бензема во 2009 година во трансфер вреден од над 35 милиони фунти ( 50 милиони долари), и потпишал шест годишен договор со Реал Мадрид. По борбата да се воспостави себеси во првиот тим во својата деби сезона со клубот, во наредните две сезони, Бензема дал огромен придонес со постигнатите 32 гола со што му помогнал на Реал Мадрид да го освои шпанскиот куп и првенството. Тој е именуван за француски фудбалер на годината трипати, во 2011, 2012 и 2014 година.

Бензема ја претставувал фудбалската репрезентација на Франција во младинските категории, со репрезентацијата до 17 години го освоил  УЕФА Европското првенство под-17 години во 2004 година. Бензема го имал своето  репрезентативно  деби за сениорскиот тим на Франција во март 2007 година во пријателскиот натпревар против Австрија, постигнувајќи гол во победата од 1-0. Бензема досега одиграл над 80 пати за репрезентацијата и бил улесник  на три големи меѓународни турнири: 2008 и 2012 изданија на УЕФА Европското Фудбалско Првенство и 2014 година ФИФА Светското Првенство. Сепак, Бензема во два наврати бил  изоставен од главните турнир : на Светското прцвенство во Јужна Агрика во 2010 година поради недостаток на минутажа со Реал Мадрид и Евро 2016 година по големиот јавен скандал.

Наводи уреди

  1. „UEFA Champions League 2008/2009“ (PDF). uefa.com. Посетено на 29 June 2012.
  2. „Real Madrid C.F. – Karim Benzema“. Real Madrid. Посетено на 18 November 2017.

Надворешни врски уреди