Серија А 2013-2014

(Пренасочено од Серија А 2013-14)

Серија А 2013-2014 била 112-тата сезона на првата фудбалска лига на Италија, односно 82-ра сезона позната под името Серија А. Сезоната започнала на 24 август 2013 со два натпревари во првиот ден и завршила на 18 мај 2014. Како што било случај во претходната сезона, првите две кола (25 август и 1 септември) биле играни само во вечерните часови односно од 18:00 и 20:45 часот. Од 3-тото до 37-то коло, освен во средината на седмицата и саботата пред Велигден, седум натпревари се играле во недела од 15:00 часот, а последниот вечерта во 20:45, додека по два натпревари биле закажани за сабота (во 18:00 и 20:45 часот).

Серија А 2013-2014
ПрвациЈувентус Јувентус
30. титула
Испаднале
Лига на шампиони
Лига Европа
Одиграни натпрвари380
Најдобар стелецИталија Чиро Имобиле
(22 гола)
Најголема победа дома5-0
Рома - Болоња
(29 септември 2013)
Сампдорија - Верона
(23 март 2014)
Најголема победа во гости0-7
Сасуоло - Интер
(22 септември 2013)
Натпревар со најмногу голови3-5; 5-3
Верона - Фјорентина
(13 април 2014)
Удинезе - Ливорно
(4 мај 2014)
Најголема серија на победи12 натпревари
Јувентус Јувентус
Најголема серија без пораз22 натпревари
Јувентус Јувентус
Најголема серија без победа9 натпревари
Кјево Кјево
Ливорно Ливорно
Најголема серија на порази7 натпревари
Сасуоло Сасуоло
Просечна посетеност23,481[1]

Екипата на Јувентус влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Сасуоло, Верона и Ливорно биле новите три членови откако избориле промоција во Серија Б 2012-2013.

На 4 мај 2014, Јувентус ја одбранил титулата на две кола пред крајот после поразот на Рома, нивниот најголем конкурент во оваа сезона, на гостувањето кај Катанија со 4-1. Ова било 30-тото скудето за Јувентус во нивната клупска историја, 3 едноподруго почнувајќи од сезоната 2011-2012. Тие, исто така, во оваа сезона поставиле рекорд по бројот на освоени бодови во едно Серија А првенство, завршувајќи ја сезоната со 102 освоени бода. Рома на крајот морала да се задоволи со второто место со дури 17 бодови помалку од шампионот, но и директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите 2014-2015 за следната сезона. Третопласирниот Наполи изборил пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.

Четвртопласираната Фјорентина, петтопласираниот Интер, како и седмопласираниот Торино избориле учество во Лигата на Европа 2014-2015.

Трите клуба кој испаднале од лигата во сезоната биле Катанија, Болоња и Ливорно.

Најдобар стрелец во лигата во оваа сезона бил Чиро Имобиле од Торино со 22 постигнати гола.

ОпштоУреди

Вкупно 20 тимови се натпреваруваа во лигата: 17 од сезоната 2012-13 и три промовирани од Серија Б 2012-2013. Палермо, Пескара и Сиена испаднаа од Серија А претходната сезона. Тие биле заменети со шампионот на Серија Б Сасуоло, вицешампионот Хелас Верона, и победникот на плеј-офот Ливорно. Хелас Верона се вратиле во Серија А по 11-годишно отсуство, Ливорно по 4 сезони, а оваа сезона е деби во Серија А за Сасуоло.

За првпат во историјата на натпреварувањето, имало пет градски дербија - меѓу екипи кој доаѓаат од ист град: Милано (Интер и Милан), Торино (Јувентус и Торино), Рим (Лацио и Рома), Џенова (Сампдорија и Џенова) и Верона (Кјево и Верона).

КалчомеркатоУреди

Летна сесијаУреди

 
Аргентинскиот напаѓач Карлос Тевез, пристигна во Јувентус летото и носејќи го дресот со број 10. имаше важна улога во клубот; со 19 гола, придонесува за шампионската титула на бјанконерите, нивно 30º скудето и 3º по ред откако тренер е Конте.

Бранителот на титулата Јувентус се засилил со доведување на напаѓачите Карлос Тевес од Манчестер Сити и Љоренте од Атлетик Билбао, а исто така на клубот му се приклучил и одбранбениот играч Анџело Огбона од градскиот ривал Торино; од друга страна клубот го напуштил Емануеле Џакерини кој заминал во Сандерленд. Наполи го напуштиле Морган Де Санктис кој отишол во Рома и најдобриот стрелец во претходното првенство Единсон Кавани во Париз Сен Жермен, а клубот ги купил голманот Реина (од Ливерпул), централниот одбранбен играч Албиол од Реал Мадрид, крилата Мертенс (од ПСВ Ајндховен) и Каљехон, како и напаѓачот Гонсало Игуаин (последните двајца, исто така, доаѓаат од Реал Мадрид). Фјорентина заминувањето на Стеван Јоветиќ (во Манчестер Сити), го покрила со купување на напаѓачот Марио Гомез (од Бајерн Минхен), а потоа довеле двајца играчи од средниот ред со истечен договор: Хоакин (од Малага) и Масимо Амброзини (од Милан).

Милан се засилил со Матијас Силвестре (од Интер) и Жерсон Вергара (од Университарио Попајан), во средниот ред нови пополнувања биле младите Андреја Поли (од Сампдорија) и Сапонара (од Емполи); откако успешно ја одработиле квалификациската рунда во Лигата на шампионите и се пласирале во групната фаза, клубот исто така, го продал Боатенг (на Шалке) и довел други двајца поранешни росонери, Алесандро Матри (од Јувентус) и Кака (од Реал Мадрид). На другата страна на Милано, Интер ги ангажирал Уго Кампањаро (како слободен играч од Наполи) и Валас (позајмен од Челзи), играчот од средниот ред Сафир Таидер (од Болоња) и напаѓачите Ишак Белфодил (од Парма) и Мауро Икарди (од Сампдорија).

Во главниот град, екипата на Рома била водечки клуб на пазарот бидејќи успеале да соберат доволно капитал со продажбата на Маркињос (Париз Сен Жермен), Освалдо (Саутхемптон) и Ламела (Тотенхем), а ги купиле гореспоменатиот Де Санктис од Наполи за голманската позиција, Меди Бенатија (од Удинезе) и Мајкон (слободен играч од Манчестер Сити) за одбраната, Кевин Стротман (од ПСВ) во средниот ред, и Жервињо (од Арсенал) и Љајиќ (од Фјорентина) за нападот. Лацио го виделе доаѓањето во клубот на одбранбениот играч Диего Новарети (од Толука), играчите од средниот ред Фелипе Андерсон (од Сантос) и Биља (од Андерлехт), како и напаѓачот Брајан Переа (од Депортиво Кали).

Парма како дел од договорот на Белфодил, го довела напаѓачот Антонио Касано. Новопромовираната Верона ги обезбедила потписите, меѓу другите, на Хуан Итурбе (од Порто), Ромуло и Лука Тони (двајцата од Фјорентина). Болоња го купила поранешниот капитен на Торино, Роландо Бјанки; спротивно на тоа, граната (како дел од договорот на Огбона) добиле половина од договорот на Чиро Имобиле (кој претходната сезона играл на заем во Џенова). На Џенова добро им дошло враќањето во клубот на Алберто Џилардино (по сезона на позајмица во Болоња), заедно со засилувањата во одбраната; Алесандро Гамберини (на заем од Наполи) и играчот од средниот ред Франческо Лоди (од Катанија). Сампдорија во нападот го ангажирала Габијадини од Јувентус.

Зимска сесијаУреди

НастаниУреди

 
Чиро Имобиле, најдобар стрелец во првенството со 22 гола за екипата на Торино.

Титулата ја одбрани екипата на Јувентус, освојувајќи го своето 30-то скудето во историјата на клубот и трето по ред од кога клубот го предводи Антонио Конте.[2] Освен самата титула, бјанконерите срушиле и други рекорди како најмногу остварени победи во едно првенство (33), потоа 19 победи на домашен терен во исто толку натпревари и ја завршиле сезоната со освоени 102 бода, кршејќи го претходниот рекорд за најмногу освоени бодови на Интер (97) во сезоната 2006-07.[3] Како втора заврши екипата на Рома, која одлично го почна првенството со 10 победи во првите 10 натпревари, што исто така претставува рекорд. Така, Јувентус и Рома ќе ја претставуваат Италија во наредната сезона во Лигата на шампионите, додека третопласираниот Наполи ќе може да им се приклучи доколку ја помине плеј-оф рундата. Во Европа уште ќе играат екипите на Фјорентина, Интер и Торино. Екипата на Милан, иако го смени тренерот Алегри со играчката легенда Кларенс Сидорф, заврши на осмото место и нема да игра во ниту еден од европските турнири во следната сезона по цели 16 години. Од лигата испаднале екипите на Катанија, Болоња и Ливорно и тие ќе се натпреваруваат во Серија Б следната сезона.

Најдобар стрелец во првенството бил Чиро Имобиле од екипата на Торино. Со тоа тој ги обединил капоканониере насловите во двете најквалитетни лиги во Италија, откако во сезоната 2011-12 со екипата на Пескара бил најдобар стрелец во Серија Б. За одбележување се уште четирите гола на младиот напаѓач на Сасуоло, Доменико Берарди против Милан во победата со 4-3, со што станал втор најмлад играч кој постигнал 4 гола на еден натпревар во Серија А, по легендарниот Силвио Пиола.

ЕкипиУреди

Екипи по региониУреди

Регион Број на тимови Тимови
  Емилија-Ромања 3   Болоња,   Парма и   Сасуоло
  Ломбардија 3   Аталанта,   Интер и   Милан
  Венето 2   Верона и   Кјево
  Лацио 2   Лацио и   Рома
  Лигурија 2   Сампдорија и   Џенова
  Пиемонт 2   Јувентус и   Торино
  Тоскана 2   Ливорно и   Фјорентина
  Кампанија 1   Наполи
  Сардинија 1   Каљари
  Сицилија 1   Катанија
  Фурланија-Јулиска Краина 1   Удинезе

Локации и стадиониУреди

Екипа Град Стадион Капацитет сезона 2012–2013
Аталанта Бергамо Атлети Аѕури д'Италија &1000000000000002654200026.542 15-ти во Серија А
Болоња Болоња Ренато Дал'Ара &1000000000000003827900038.279 13-ти во Серија А
Каљари Каљари Сант Елија &100000000000000050000005.00 11-ти во Серија А
Катанија Катанија Анџело Масимино &1000000000000002342000023.420 8-ми во Серија А
Кјево Верона Марк'Антонио Бентегоди &1000000000000003840200038.402 12-ти во Серија А
Фјорентина Фиренца Артемио Франки &1000000000000004728199947.282 4-ти во Серија А
Џенова Џенова Лујџи Ферараис &1000000000000003668500036.685 17-ти во Серија А
Интер Милано Стадион Џузепе Меаца &1000000000000008007399980.074 9-ти во Серија А
Јувентус Торино Стадион Јувентус &1000000000000004125399941.254 Серија А шампион
Лацио Рим Олимпико &1000000000000007269799972.698 7-ми во Серија А
Ливорно Ливорно Армандо Пики &1000000000000001923799919.238 Серија Б плеј-оф победник
Милан Милан Сан Сиро &1000000000000008007399980.074 3-ти во Серија А
Наполи Неапол Сан Паоло &1000000000000006024000060.240 вицешампиони во Серија А
Парма Парма Енио Тардини &1000000000000002790599927.906 10-ти во Серија А
Рома Рим Олимпико &1000000000000007269799972.698 6-ти во Серија А
Сампдорија Џенова Лујџи Ферарис &1000000000000003668500036.685 14-ти во Серија А
Сасуоло Сасуоло Стадион Мапеи &1000000000000002008399920.084 Серија Б шампион
Торино Торино Олимпико ди Торино &1000000000000002799399927.994 16-ти во Серија А
Удинезе Удине Фриули &1000000000000003064199930.642 5-ти во Серија А
Верона Верона Марк'Антонио Бентегоди &1000000000000003840200038.402 Серија Б вицешампион

Личности и спонзориУреди

Тим Претседател Тренер Капитен Опрема Спонзор
Аталанта   Антонио Перкаси   Стефано Колантуоно   Џанпаоло Белини Ереа AXA, Коника Минолта
Болоња   Албано Гваралди   Давиде Балардини   Диего Перез Макрон NGM Mobile, Serenissima Ceramica
Каљари   Масимо Селино   Иво Пулга   Даниеле Конти Капа Сардења, Тиренија
Катанија   Антонио Пулвиренти   Маурицио Пелегрино   Мариано Иско Гивова Arancia Rossa di Sicilia, TTT Lines
Кјево   Лука Кампедели   Еугенио Корини   Серџо Пелисие Гивова Banca Popolare di Verona, Палуани
Фјорентина   Марио Коњињи   Винченцо Монтела   Мануел Пасквал Хома Мазда
Џенова   Енрико Прециози   Џан Пјеро Гасперини   Даниеле Портанова Лото iZiPlay
Интер   Ерик Тохир   Валтер Маѕари   Хавиер Занети Најк Пирели
Јувентус   Андреја Ањели   Антонио Конте   Џанлујџи Буфон Најк Jeep
Лацио   Клаудио Лотито   Едоардо Реја   Стефано Маури Макрон
Ливорно   Алдо Спинели   Давиде Никола   Андреја Лучи Легеа Банка Кариџе
Милан   Силвио Берлускони   Кларенс Сидорф   Рикардо Монтоливо Адидас Emirates
Наполи   Аурлио Де Лаурентис   Рафаел Бенитез   Марек Хамшик Макрон Лете, MSC Cruises
Парма   Томазо Џирарди   Роберто Донадони   Алесандро Лукарели Ереа Фолето, Навигаре
Рома   Џејмс Палота   Руди Гарсија   Франческо Тоти Стор Бренд Roma Cares
Сампдорија   Едоардо Гароне   Синиша Михајловиќ   Даниеле Гасталдело Капа Гаменет
Сасуоло   Карло Роси   Еузебио Ди Франческо   Франческо Мањанели Спортика Мапеи
Торино   Урбано Каиро   Џампјеро Вентура   Камил Глик Капа Aruba.it, Салуми Берета
Удинезе   Франко Солдати   Франческо Гвидолин   Антонио Ди Натале ХС Фудбал Дачија
Верона   Маурицио Сети   Андреја Мандорлини   Доменико Мајета Најк leaderform

Завршна табелаУреди

Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
  1.   Јувентус 102 38 33 3 2 80 23 +57
2.   Рома 85 38 26 7 5 72 25 +47
3.   Наполи 78 38 23 9 6 77 39 +38
4.   Фјорентина 65 38 19 8 11 65 44 +21
5.   Интер 60 38 15 15 8 62 39 +23
[4] 6.   Парма 58 38 15 13 10 58 46 +12
[4] 7.   Торино 57 38 15 12 11 58 48 +10
8.   Милан 57 38 16 9 13 57 49 +8
9.   Лацио 56 38 15 11 12 54 54 0
10.   Верона 54 38 16 6 16 62 68 −6
11.   Аталанта 50 38 15 5 18 43 51 −8
12.   Сампдорија 45 38 12 9 17 48 62 −14
13.   Удинезе 44 38 12 8 18 46 57 −11
14.   Џенова 44 38 11 11 16 41 50 −9
15.   Каљари 39 38 9 12 17 34 53 −19
16.   Кјево 36 38 10 6 22 34 54 −20
17.   Сасуоло 34 38 9 7 22 43 72 −29
  18.   Катанија 32 38 8 8 22 34 66 −32
  19.   Болоња 29 38 5 14 19 28 58 −30
  20.   Ливорно 25 38 6 7 25 39 77 −38

Легенда:

      Шампион на Италија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2014-2015.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига на шампиони 2014-2015.
      Се квалификува за плејоф рундата (од квалификациите) за УЕФА Лига на шампиони 2014-2015.
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лига Европа 2014-2015.
      Се квалификува за квалификациите за УЕФА Лига Европа 2014-2015.
      Испаѓа во Серија Б 2014-2015

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
Во случај на еднаков број на бодови помеѓу две или повеќе екипи, позицијата на табелата на екипата ќе биде одредена по следниве критериуми:
  • Освоени бодови во меѓусебните дуели
  • Гол-разлика во меѓусебните дуели
  • Вкупна гол-разлика
  • Вкупен број на постигнати голови
  • Ждрепка

Шампионскиот тимУреди

  Главна статија: „ФК Јувентус сезона 2013-14.
Први 11
1   Џанлујџи Буфон (33 настапи)
15   Андреја Барцаљи (26)
19   Леонардо Бонучи (29)
3   Џорџо Кјелини (31)
26   Стефан Лихтштајнер (27)
23   Артуро Видал (32)
21   Андреја Пирло (30)
6   Пол Погба (36)
22   Квадво Асамоа (34)
14   Фернандо Љоренте (34)
10   Карлос Тевез (34)

Резерви: Клаудио Маркизио (29), Симоне Падоин (21), Маурисио Исла (18), Мартин Касерес (17), Себастијан Џовинко (17), Фабио Кваљарела (17), Анџело Огбона (16), Мирко Вучиниќ (12), Пабло Освалдо (11), Федерико Пелузо (9), Марко Сторари (6), Симоне Пепе (2), Рубињо (1).

ПласманУреди

СтатистикаУреди

ЕкипиУреди

ЛидериУреди

Juventus Football ClubAssociazione Sportiva Roma

Создавање на пласманотУреди

10ª 11ª 12ª 13ª 14ª 15ª 16ª 17ª 18ª 19ª 20ª 21ª 22ª 23ª 24ª 25ª 26ª 27ª 28ª 29ª 30ª 31ª 32ª 33ª 34ª 35ª 36ª 37ª 38ª
 
Аталанта 0 3 3 3 3 6 9 12 12 13 13 16 16 17 17 18 18 18 21 24 24 27 27 27 28 31 34 37 40 43 46 46 46 46 47 47 50 50
Болоња 0 1 2 2 3 3 3 3 6 9 10 10 11 12 12 12 15 15 16 17 18 18 21 21 21 22 23 23 26 26 26 27 28 28 28 29 29 29
Каљари 3 3 4 5 6 7 7 10 10 10 10 13 14 15 18 19 20 21 21 21 21 24 24 24 25 28 29 29 29 32 32 32 33 36 39 39 39 39
Катанија 0 0 0 1 1 4 5 5 6 6 6 9 9 9 9 10 10 13 13 13 14 15 16 19 19 19 20 20 20 20 20 20 20 23 23 26 29 32
Кјево 1 1 1 4 4 4 4 4 4 4 5 6 9 12 15 15 15 16 17 17 18 18 18 18 21 21 24 24 24 27 27 27 30 30 30 30 33 36
Фјорентина 3 6 7 10 10 11 12 15 18 18 21 24 24 27 27 30 33 36 37 40 41 41 44 44 45 45 45 48 51 51 52 55 58 58 61 61 64 65
Џенова 0 0 3 4 4 4 5 8 8 11 14 17 18 19 19 20 20 23 23 26 27 27 30 31 32 35 35 35 36 39 39 39 39 39 40 41 41 44
Интер 3 6 7 10 13 14 14 15 18 19 22 25 26 27 28 28 31 31 32 32 33 33 36 39 40 41 44 47 47 48 49 50 53 56 57 57 60 60
Јувентус 3 6 7 10 13 16 19 19 22 25 28 31 34 37 40 43 46 49 52 55 56 59 60 63 66 69 72 75 78 81 81 84 87 90 93 96 99 102
Лацио 3 3 6 6 9 10 11 11 14 15 15 16 17 17 17 20 20 23 24 27 28 31 32 32 35 38 38 41 42 42 45 48 48 49 52 53 53 56
Ливорно 0 3 6 7 8 8 8 8 8 9 12 12 12 12 13 13 13 13 13 13 16 17 17 20 20 21 21 24 24 24 25 25 25 25 25 25 25 25
Милан 0 3 4 4 5 8 8 11 11 12 12 13 14 17 18 19 19 22 22 25 28 29 29 32 35 35 35 35 36 39 42 45 48 51 51 54 54 57
Наполи 3 6 9 12 13 16 19 19 22 25 28 28 28 31 32 35 36 39 42 43 44 44 47 50 51 52 55 58 58 61 64 64 67 68 69 72 75 78
Парма 1 1 1 2 5 6 9 9 12 12 12 13 16 17 18 19 20 23 26 29 32 32 33 36 37 40 43 46 47 47 47 50 51 51 51 54 55 58
Рома 3 6 9 12 15 18 21 24 27 30 31 32 33 34 37 38 41 41 44 47 50 53 54 57 60 61 61 64 67 70 73 76 79 82 85 85 85 85
Сампдорија 0 1 1 2 2 2 3 6 9 9 9 9 10 11 14 17 18 18 21 21 22 25 28 28 28 31 34 34 37 40 41 41 41 41 44 44 44 45
Сасуоло 0 0 0 0 1 2 2 5 6 6 9 10 13 14 14 14 14 14 17 17 17 17 17 17 17 17 18 21 21 21 21 24 25 28 28 31 34 34
Торино 3 3 4 7 8 8 9 10 10 11 12 12 15 16 19 22 25 25 26 29 32 33 33 36 36 36 36 36 39 39 42 45 48 49 52 55 56 57
Удинезе 0 3 4 4 7 7 10 10 10 13 13 13 16 16 17 17 20 20 20 20 20 23 26 27 28 28 31 31 34 35 38 38 38 39 39 42 43 44
Верона 3 3 6 6 7 10 13 16 16 19 22 22 22 22 25 26 29 32 32 32 32 35 36 36 39 40 40 40 40 40 43 46 46 49 52 53 54 54

Нота:

  • Натпреварот Рома-Парма, наместо во 22-рото коло за кога беше закажан всушност се одиграл меѓу 31-вото и 32-рото коло, па на табелата може да се одрази само дел од вистинската ефикасност на тимовите во тој период.

РекордиУреди

  • Најмногу победи: Јувентус (33)
  • Најмногу победи дома: Јувентус (19)
  • Најмногу пообеди во гости: Јувентус (14)
  • Најмалку победи: Болоња (5)
  • Најмалку победи дома: Болоња (3)
  • Најмалку победи во гости: Каљари и Катанија (1)
  • Најголем број на нерешени: Интер (15)
  • Најголем број на нерешени дома: Интер (9)
  • Најголем број на нерешени во гости: Каљари (8)
  • Најмалку нерешени: Јувентус (3)
  • Најмалку нерешени дома: Јувентус (0)
  • Најмалку нерешени во гости: Аталанта, Катанија и Ливорно (2)
  • Најголем број на порази: Ливорно (25)
  • Најголем број на порази дома: Сасуоло (12)
  • Најголем број на порази во гости: Катанија (16)
  • Најмалку порази: Јувентус (2)
  • Најмалку порази дома: Јувентус (0)
  • Најмалку порази во гости: Јувентус (2)
  • Најдобар напад: Јувентус (80 постигнати голови)
  • Најлош напад: Болоња (28 постигнати голови)
  • Најдобра одбрана: Јувентус (23 голови)
  • Најлоша одбрана: Ливорно (77 голови)
  • Најдобра гол разлика: Јувентус (+57)
  • Најлоша гол разлика: Ливорно (-38)
  • Најдобра серија: Јувентус (22-натпревари без пораз; период од 9-то до 30-то коло)
  • Најдобра серија дома: Јувентус (19-натпревари без пораз)
  • Најдобар серија во гости: Јувентус (10-натпревари без пораз)
  • Најголем број на последователни победи: Јувентус (12, од 9-тото до 20-тото коло)
  • Најголем број на последователни победи дома: Јувентус (19)
  • Најголем број на последователни победи во гости: Јувентус, Парма и Рома (5)
  • Најголем број на последователни нерешени: Каљари, Парма и Рома (4, од 3-то до 6-то коло, од 14-то до 17-то коло и 11-то до 14-то коло)
  • Најголем број на последователни нерешени дома: Интер и Парма (3)
  • Најголем број на последователни нерешени во гости: Каљари, Интер, Лацио и Рома (3)
  • Најголем број на последователни порази: Ливорно и Сасуоло (7, од 32-то до 38-мо коло и од 20-то до 26-то коло)
  • Најголем број на последователни порази дома: Сасуоло (4)
  • Најголем број на последователни порази во гости: Катанија (10)
  • Најголем број на изведени корнери: Интер (224)
  • Најголем број на офсајди: Торино (117)
  • Најголем број на жолти картони: Ливорно (100)
  • Најголем број на црвени картони: Сампдорија (10)
  • Најмал број на изведени корнери: Болоња (158)
  • Најмал број на офсајди: Фјорентина и Сасуоло (53)
  • Најмал број на жолти картони: Верона (64)
  • Најмал број на црвени картони: Торино (1)

ИндивидуалниУреди

Листа на стрелциУреди

Гол Пенали Играч Клуб
22 0   Чиро Имобиле   Торино
20 3   Лука Тони   Верона
19 1   Карлос Тевес   Јувентус
17 4   Антонио Ди Натале   Удинезе
17 5   Гонсало Игуаин   Наполи
17 0   Родриго Паласио   Интер
16 6   Доменико Берарди   Сасуоло
16 0   Фернандо Љоренте   Јувентус
16 6   Џузепе Роси   Фјорентина
15 0   Хозе Марија Калјехон   Наполи
15 4   Алберто Џилардино   Џенова
15 3   Паулињо   Ливорно
14 3   Марио Балотели   Милан
13 5   Алесио Черчи   Торино
13 2   Герман Денис   Аталанта
13 0   Матија Дестро   Рома
13 4   Алберто Палоски   Кјево
12 5   Антонио Кандрева   Лацио
12 1   Антонио Касано   Парма
12 3   Едер   Сампдорија
11 0   Хуан Квадрадо   Фјорентина
11 2   Дрис Мертенс   Наполи
11 2   Артуро Видал   Јувентус
10 1   Гонзало Берхесио   Катанија

Хет-трикУреди

Играч Тим Против Резултат Дата
  Џузепе Роси   Фјорентина   Јувентус 4–2 20 октомври 2013
  Доменико Берарди   Сасуоло   Сампдорија 4–3 3 ноември 2013
  Карлос Тевес   Јувентус   Сасуоло 4–0 15 декември 2013
  Доменико Берарди4   Сасуоло   Милан 4–3 12 јануари 2014
  Алберто Аквилани   Фјорентина   Џенова 3–3 26 јануари 2014
  Чиро Имобиле   Торино   Ливорно 3–1 22 март 2014
  Матија Дестро   Рома   Каљари 3–1 6 април 2014
  Алберто Палоски   Кјево   Ливорно 4–2 13 април 2014
  Гонсало Игуаин   Наполи   Лацио 4–2 13 април 2014
  Доменико Берарди   Сасуоло   Фјорентина 4–3 6 мај 2014
  Антонио Ди Натале   Удинезе   Сампдорија 3–3 17 мај 2014

Индивидуални рекордиУреди

ПоврзанотакаУреди

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. „Italian Serie A Stats: Team Attendance - 2013-14“. ESPN. Посетено на 31 March 2014.
  2. [1]
  3. Football: Juve wrap up record 102-point scudetto as Roma crumble
  4. 4,0 4,1 ФИГК го одбила барањето на Парма за лиценца на УЕФА, бидејќи имале задоцнет даночен долг; нивното место ќе го заземе седмопласираниот Торино. cfr. „Parma, da sogno a incubo: per l'Europa manca la licenza. Ultimo appello il 28 maggio“. 19 мај 2014.