Тимот станува познат во 2011 година кога под водство шкотскиот менаџер Стив Еванс имаа неколку добри мечеви со тимови од поквалитетните лиги во Англија во ФА Куп натпреварувањето. На 10 јануари 2011 година Кроули Таун го победи со 2:1 на домашен терен Дарби Каунти (тим од втората по ранг лига во Англија), и за првпат во истоијата достигна до четвртиот круг (1/16 финалето) на ФА Купот.
На 29 јануари тие го победија и Торки Јунајтед, и стигаа до петтата рунда, односно 1/8 финалето каде што ги чекаше рекордерот по бројот на титули во ова натпреварување Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд.
На 19 февруари Кроули губи од Манчестер Јунајтед со минимални 1:0. Но сепак, во 93-тата минута Кроули имаше шанса да дојде до сензационално реми и преигрување на Броудфилд, но ударот на Ричард Броуди заврши во пречката од голот.
Следната сезона Кроули како промовиран во лига два станува дел од професионалните дивизии во Англија. Тие одново стигнаа до осминафиналето на ФА Купот и со тоа покажаа дека успехот од мината сезона не бил случаен. Прв противник на Кроули оваа сезона беше тимот на Тамворт кој го елиминираа со убедливи 3-0, за потоа да дојдат два тима од втората англиска лига, Бристол Сити и неодамнешниот премиерлигаш Хал Сити. Кроули ги добива двата меча (првиот дома, а вториот нагости) со ист резултат од 1:0, со головите на Метју Табс. Табс кој беше јунак во двата меча со тимовите од Чемпионшип на крајот од месец јануари го напушти клубот и потпиша за Бурнемут, што значеше дека Кроули без својот топ реализатор ќе треба да се обиде да го елиминира Стоук Сити во петтото коло од турнирот. На 19 февруари (истиот кога тие испаднаа од турнирот мината година), тие загубија од уште еден премиерлигаш овојпат Стоук Сити со 2-0 на својот Броудфилд Стедиум иако повеќе од 70-тина минути играа со човек повеќе по исклучувањето на Рори Делап кај гостите.