Удинезе Калчо

(Пренасочено од ФК Удинезе)

Удинезе Калчо е италијански фудбалски клуб од градот Удине, кој моментално се натпреварува во Серија А.

Удинезе
Целосно имеУдинезе Калчо СпА
ПрекарМалите зебри
Основан1896
ЛокацијаУдине, Италија
СтадионСтадион Фриули
Капацитет30,642
СопственикИталија Џампаоло Поцо
ПретседателИталија Франко Солдати
ТренерИталија Андреја Сотил
ЛигаСерија А Серија А
2021–22Серија, 12-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1896 година, под името Società Udinese di Ginnastica e Scherma. Традиционално, Удинезе настапува во црно-бели дресови, а своите домашни натпревари ги игра на Стадионот Фриули, кој е со капацитет од 30,642 места. Најголемите успеси на клубот во домашното првенство му се второто место во сезоната 1954-55, и третото место освоено во два наврати во сезоните 1997-98 и 2011-2012. Од успесите на Удинезе на меѓународната сцена можат да се издвојат освојувањето на Интертото купот во 2000 година, големиот број на учества во Купот на УЕФА, како и единственото учество во нивната историја во Лигата на шампионите во сезоната 2005-06.

Стадион

уреди

Моменталниот стадион на Удинезе Фриули бил отворен во 1976 година за да го замени дотогашниот нивен дом Стадионот Морети. Во 1990 година Фриули бил домаќин на три натпревари од групата Е на Светското првенство што се играше во Италија. Исто така Фриули е и повремен домаќин на натпреварите на италијанската фудбалска репрезентација. Последен пат репрезентацијата играше на овој стадион на 10 септември 2008 против Грузија во квалификациите за светското првенство во фудбал 2010 година.

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Обновено на 31 август 2018
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Марко Силвестри
2   ОД Фести Ебоселе
3   ОД Адам Масина
4   СР Санди Ловриќ
5   СР Толгај Арслан
6   СР Жан-Виктор Макенго
7   НП Ајзак Саксес
8   СР Мато Јајало
9   НП Бето
10   НП Жерар Деулофеу
11   СР Валас Соуса Силва
13   ОД Дестини Удоџи
14   ОД Џејмс Абанква
15   ОД Леонардо Бута
Бр. Позиција Играч
17   ОД Брам Нaјтинк  
18   ОД Неуен Перес
20   ГМ Даниеле Падели
21   СР Мартин Палумбо
23   ОД Енцо Ебосе
24   СР Лазар Самарџиќ
28   ОД Филип Бенковиќ
29   ОД Јака Бијол
30   НП Илија Несторовски
37   СР Роберто Переира
50   ОД Родриго Бекао
93   НП Фелипе Визеу
99   ГМ Едоардо Пјана

Познати поранешни играчи

уреди

Италија
Германија

Бразил
Аргентина
Шпанија
Данска

Гана
Чешка
Чиле
Белгија
Перу

Освојувачи на титули

уреди
Светски шампиони
Шампиони на Европа

Рекорди

уреди
 
Антонио Ди Натале со 446 одиграни натпревари во дресот на Удинезе е играчот со најголем број на настапи во клубот. Тој исто така е и најдобар клупски стрелец на бјанконерите од Удине со 227 постигнати голови во сите натпреварувања.

Играчи со најмногу настапи за клубот

уреди
# Играч Во клубот Натпревари
1   Антонио Ди Натале 2004–2016 446
2   Валерио Бертото 1993–2006 404
3   Џампиеро Пинци 2000–2008 и 2010-2015 355
4   Дино Галпароли 1981-1990 280
5   Лујиџи Зорзи 1936–1942 и 1949-1956 280
6   Алсандро Калори 1991-1999 272
7   Северино Ферулјо 1939-1946 и 1947-1952 261
8   Нестор Сенсини 1989-1993 и 2002-2006 240
9   Паоло Поџи 1994-2000 233
10   Ренато Валенти 1955-1964 231

Играчи со најмногу постигнати голови за клубот

уреди
# Играч Во клубот Број на голови
1   Антонио Ди Натале 2004–2016 227
2   Винченцо Јаквинта 2000-2007 69
3   Лоренцо Бетини 1954–1955 и 1957-1961 67
4   Абел Балбо 1989-1993 65
5   Оливер Бирхоф 1995–1998 62
6   Паоло Поџи 1994-2000 50
7   Роберто Муци 1999-2003 44
8   Џузепе Секи 1955-1957 40
9   Паоло Табанели 1937-1940 39
10   Марсио Аморосо 1996-1999 39

Статистика и постигнувања

уреди

Учества во првенства

уреди
Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно
Прима Дивизионе 2 1922-1923 1925-1926 43
Серија А 41 1950-1951 2013-2014
Секонда Дивизионе 2 1923-1924 1924-1925 23
Прима Дивизионе 2 1926-1927 1927-1928
Серија Б-Ц Алта Италија 1 1945-1946
Серија Б 18 1930-1931 1994-1995
Прима Дивизионе 5 1928-1929 1934-1935 24
Серија Ц 19 1935-1936 1977-1978

Титули

уреди

Надворешни врски

уреди