ФК Олимпик Лион

Олимпик Лион е француски фудбалски клуб со седиште во градот Лион, Оверњ-Рона-Алпи. Моментално се натпреварува во Лига 1, највисокото ниво на францускиот фудбал.

Олимпик Лион
Olympique Lyonnais.png
Целосно имеОлимпик Лион
ПрекарLes Gones (Деца)
Основан3 август 1950; пред 70 години (1950-08-03)[1]
СтадионПарк Олимпик Лион
Капацитет59,186[2]
ПретседателФранција Жан-Мишел Олас
МенаџерФранција Руди Гарсија
ЛигаЛига 1 Лига 1
2019–20Лига 1, 7-ми
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

Клубот бил основан во 1899 година, под името Лион Олимпик Университер, а како професионален фудбалски клуб делува од 1950 година.[3] Својте најголеми успеси клубот ги забележал во 21-виот век. Во 2002 година, клубот ја освоил својата прва титула Шампион на Франција, започнувајќи ја серијата од 7 национални титули по ред со која поставиле рекорд во францускиот фудбал. Покрај тоа Лион има освоено и 8 Суперкупа на Франција, 5 Купа на Франција и 3 титули во втората лига позната како Лига 2. На меѓународната фудбалска сцена, Лион има триумфирано во Интертото купот во 1997 година, а исто така двапати биле полуфиналисти на УЕФА Лигата на шампионите (2009-2010, 2019-2020, во двата случаја елиминирани од Бајерн Минхен), и по еднаш испаѓале во истата фаза во Лигата на Европа (2016-2017) и Купот на победниците на куповите (1963-1964). Клубот своевремено бил член на Г-14 групата на европски клубови.

Домашните бои на клубот се бела, црвена и сина. Својте домашни натпревари, Лион ги игра на Парк Олимпик Лион, кој има капацитет од 59,186 седечки места. Тој е еден од најсилно подржуваните клубови во земјата заедно со Париз Сен Жермен и Олимпик Марсеј. Прекар на клубот е Les Gones што значи "децата".

ИсторијаУреди

 
Серж Кјеза, еден од најдобрите фудбалери на Лион во 1970-тите и 1980-тите години. Тој исто така, моментално е играчот со најголем број на настапи за клубот со 541 натпревар.

Клубот е основан во 1896 година под името Лион Олимпик Университер, како мулти-спортски клуб. По многуте внатрешни конфликти во врска со заедничката работа на аматерите и професионалците во клубот, тогашниот менаџер на клубот Феликс Луо и неговите соработници размислувале за основање на свој сопствен клуб. Така на 3 август 1950 година, планот на Луо се остварил кога др. Алберт Трилат, меѓу другите, го основал клубот Олимпик Лион. За прв тренер на клубот бил назначен Оскар Хајзерер, a на 26 август 1950 година клубот го одиграл својот прв официјален натпревар победувајќи го Париз-Шарентон со 3-0 пред околу 3,000 навивачи. Веќе во втората година од своето постоење, Лион ја освоил титулата во втората француска лига и изборил промоција во Дивисион 1, најсилната фудбалска лига во земјата.

Во текот на 60-тите и 70-тите години на 20-тиот век, Лион постигнал просечни успеси благодарение на играчи како Флери Ди Нало, Нестор Комбен, Серж Кјеза, Бернар Лакомб и Жан Џоркаеф. Под водството на тренерот Лусиен Жасерон клубот ја освоил својата прва титула, Купот на Франција, победувајќи го во финалето Бордо со 2-0. Лион исто така играл многу добро и во Лига 1 под водството на Жасерон, се до сезоната 1965-1966 кога завршиле на слабото 16-то место, по што тренерот бил отпуштен. Тој бил заменет од Луј Он, кој пак го предводел клубот до втора титула во Купот на Франција во сезоната 1966-1967, совладувајќи го Сошо во финалето со 3-1. На почетокот на 70-тите години, за нов тренер на Лион бил назначен Еме Мињо, играчка легенда на клубот, кој на Les Gones им го донел третиот трофеј во Купот на Франција, овојпат победувајќи го во финалето Нант со 2-1 во сезоната 1972-1973.

 
Жунињо Пернамбукано, една од легендите на Лион и голем протагонист во успесите на клубот постигнати во 2000-тите години

Во јуни 1987 година, Олимпик Лион бил купен од страна на бизнисменот од Рона, Жан-Мишел Oлас, кој ја презел контролата над клубот со цел да го претвори Лион во една од екипите кои ќе се борат за титулата во француската прва лига. Неговиот амбициозен план, наречен ОЛ - Европа, бил дизајниран да го развие клубот на европско ниво и да го врати клубот во Дивисион 1 во период не подолг од четири години. Прв тренер на Лион во ерата на Олас бил Рајмонд Доменех. Новиот претседател му дал "одврзани раце" на Доменех да може да го доведе било кој играч што го сака и за кој смета дека е способен да му помогне на клубот во нивните амбиции. Веќе во првата сезона на Доменех промоцијата во најсилната француска лига била постигната, а потоа тие го освоиле осмото место во Дивисион 1 во сезоната 1989-1990. Во сезоната 1990-1991, планот на Олас се остварил кога Лион благодарение на освојувањето на четвртото место во крајниот поредок на Дивисион 1, изборил место во Купот на УЕФА. Сепак, овој резултат претставувал врвот кој Лион го достигнал под водството на Доменех и во следните сезони клубот бил далеку од овој успех и не ги постигнувал посакуваните резултати. Како резултат на тоа, Доменех бил заменет на клупата со Жан Тигана, кој го предводел тимот до најголемиот успех дотогаш во првенството, освојувањето на второто место во сезоната 1994-1995. Неговиот наследник, Ги Стефан, го водел тимот до финалето на Лига купот во сезоната 1995-1996, каде загубиле на пенали од Мец, пред биде отпуштен следната сезона за да го отстапи местото на спортскиот директор Бернар Лакомб, поранешен играч на Лион. Лакомб останал на клупата до 2000 година, освојувајќи го третото место во првенството во сезоната 1998-1999, што му ги донело на клубот првите историски квалификации за пласман во Лигата на шампионите. Третото место било потврдено и во следната година.

Во првите години од новиот милениум, Лион ги забележал најголемите успеси во клупската историја. Така тие воспоставиле хегемонија во својата татковина, освојувајќи 7 последователни национални титули, како и разни други национални трофеи. Лакомб, кој продолжил да работи во клубот како советник на Олас, бил наследен на клупата во 2000 година од Жак Сантини, кој ја преземал тренерската улога. Новиот тренер ја предводел својата екипа до второто место во првенството 2000-2001 и до титулата, во истата сезона, во Лига купот (2-1 во финалето против Монако), што бил првиот освоен трофеј за Лион по Купот на Франција 1972-1973. Лион предводен од Сантини се покажал уште подобар во сезоната 2001-2002, освојувајќи ја својата прва национална титула, одбележувајќи го почетокот на една дотогаш невидена ера во францускиот фудбал. По освојувањето на првата титула Сантини го напуштил клубот за да стане селектор на Франција, а неговиот наследник Пол Ле Гвен освоил со тимот уште три шампионски титули, три Суперкупа на Франција и се пласирал во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Доминацијата на домашната сцена исто така продолжил и под раководство на Жерар Улије, чиј двегодишен мандат донел уште две последователни национални титули (и двете освоени со многу голема разлика во однос на второпласираниот тим на табелата) и со уште два последователни француски Суперкупа, како и уште едно четвртфинале во Лигата на шампионите. Во сезоната 2007-2008, под водството на Ален Перен Лион освоил тројна круна во Франција: суперкупот, првенството и купот на Франција, пред сензационално да се разделат со тренерот. Лион станал клуб познат по развојот на ветувачки таленти кој потоа продолжиле да постигнува успеси не само во Франција, туку и во странство и на глобално ниво. Меѓу играчите кој се прославиле во Лион во овој период биле Мишел Есиен, Флоран Малуда, Сидни Гову, Жунињо, Крис, Ерик Абидал, Мамаду Диара, Патрик Милер и Карим Бензема.

По титулата во 2008 година, хегемонијата на Лион завршила, дури и ако тимот останал при врвот во лигата во трите години на управување на Клод Пуел, чиј престој завршил без трофеи, но со историски пласман во Лигата на шампионите, каде стигнал до полуфиналето во сезоната 2009-2010. Во следните три години во кои на кормилото на тимот бил Реми Гард, тој во витрините на клубот донел пехари од Купот на Франција (2011-2012) и Суперкупот на Франција (2012-2013). Од 2014 година, под водство на Јубер Фурније и потоа Бруно Женесио, тимот ги поправил својте резултати во лигата, благодарение пред сè на производите на нивниот младински сектор како Максим Гоналон, Александар Лаказет, Корентан Толисо, Набил Фекир, Усем Ауар и др. Во сезоната 2016-2017, клубот стигнал за прв пат во својата историја до полуфиналето на Лига Европа. Под водство на новиот тренер Руди Гарсија, клубот го повторил успехот од пред десет години кога стигнале до ново полуфинале во Лигата на шампионите во сезоната 2019-2020, каде биле поразени повторно од Бајерн Минхен откако на патот до таму тие ги елиминирале Јувентус и Манчестер Сити.

Бои дресови и амблемиУреди

Бои и дресовиУреди

     
 
 
Шест од седумте последователни титули на Лион биле освоени со овој дрес.
 
Дресот од сезоната 2013-2014, со традиционалното црвено-сино V.

Од основањето на клубот, боите на Олимпик Лион отсекогаш биле црвена, сина и бела, од кој последната преовладува. Во раните години на своето постоење Олимпик Лион претежно играл во комплетно бела опрема. Во 1955 година било одлучено да се воведе црвено-сина лента во облик на латинската буква V (така наречен Шеврон) и сини шорцеви.[4] Во 1961 година, традицијата со шевронот била распуштена и двете ленти од црвена и сина боја биле поставени хоризонтално.[5] Шест години подоцна тие се вратиле во целосно бела опрема, но црвено-сините ленти останале недопрени, дури и ако сега биле поставени вертикално од левата страна на дресот.[6] Лион го носел новиот дрес за прв пат во сезоната 1970-1971 и истиот се задржал до сезоната 1975-1976. За сезоната 2002-2003, претседателот Жан-Мишел Олас објавил дека клубот ќе се врати во таа опрема, која била официјална шест сезони до 2007 година, годината на седмата последователна титула.

Во 1976 година, опремата на клубот претрпела драстична промена, менувајќи ги белите дресови и шорцеви со целосно црвена опрема, слична на Ливерпул. Оваа комбинација играчите на клубот ја носеле до сезоната 1989–1990, со исклучок на сезоните 1977–1978 и 1978–1979 кога клубот додал тегет вертикални ленти на дресот правејќи го пругаст, што се сметало за неуспешно.[7] По сезоната 1989–90, клубот се вратил на комплетно белата опрема и, на почетокот на сезоната 1995–1996, клубот ги вратил и вертикалните ленти, но решил да ги вметне во центарот на дресот, наместо лево. Овој стил се задржал во сезоната 2001-2002. Од сезоната 2009–2010, Лион ги вратил хоризонталните црвени и сини ленти. Во Лигата на шампионите, Лион користел најразлични бои како прв избор, вклучувајќи црвена, темносина, светло сина, црна, сребрена и флуоресцентна жолта.[8]

Еволуција на дресовите
 
 
 
 
 
1955-1961 и 2013-2014
 
 
 
 
 
1961-1967 и 2012
 
 
 
 
 
1971-1976
и 2003-2009
 
 
 
 
1976-1978
и 1980-1990
 
 
 
 
 
1978-1979
 
 
 
 
 
1998-2001
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2011-2012
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2012-2013
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2013-2014
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2014-2015
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2015-2016
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2016-2017
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2017-2018
 
 
 
 
 
 
 
2018-2019
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2019-2020
 
 
 
 
 
 
 
 
 
2020-2021

АмблемиУреди

СтадионУреди

  Главна статија: „Парк Олимпик Лион.
 
Панорама на Парк ОЛ.

Од 2016 година клубот ги игра своите домашни натпревари на Парк Олимпик Лион, познат едноставно како Парк ОЛ. Стадионот е сместен во Десен-Шарпје, центар на периферијата на Лион, и може да собере до 59.186 гледачи. Во својата млада историја стадионот бил домаќин на финалето на УЕФА Лига Европа 2017-2018, завршено со победа на Атлетико Мадрид и шест натпревари на Европското првенство 2016, вклучително и полуфиналето помеѓу Португалија и Велс.

Претходно Лион играл на Стад де Жерлан, стадион кој своето име го добил од хомонимската градска област. Способен да собере 41.044 гледачи, на него се одиграло финалето на Купот на победниците на куповите ви 1986 година кое го освоил Динамо Киев. На него исто така биле одржани и шест натпревари на Светското првенство 1998, меѓу кој и сензационалното четвртфинале во кое Хрватска ја победила Германија со убедливи 3-0.

СпонзориУреди

 
Спортска опрема
 
Спонзори на дресовите

ИграчиУреди

Моментален составУреди

Од 28 септември 2020[9]

Бр. Позиција Играч
1   ГМ Антони Лопес
2   ОД Синали Диоманде
3   ОД Џамел Бенламри
4   СР Жан Лукас
5   ОД Џејсон Денајер
6   ОД Марсело
7   НП Карл Токо Екамби
8   СР Усем Ауар
9   НП Муса Дембеле
10   НП Мемфис Депај  
11   НП Тино Кадевере
Бр. Позиција Играч
12   СР Лукас Пакета
14   ОД Лео Дубоа
18   НП Рајан Шерки
19   ОД Џенк Озкачар
22   ОД Матија Де Шиљо
23   СР Тијаго Мендес
25   СР Максанс Какре
27   НП Максвел Корне
30   ГМ Јулијан Полерсбек
31   ОД Мелвин Бар
39   СР Бруно Гимараеш

РекордериУреди

Најмногу настапиУреди
Играч Натпревари
 Серж Кјеза
541
 Грегори Купе
518
 Флери Ди Нало
489
 Ивес Шово
438
 Сиднеј Гову
412
 Еме Мињо
400
 Жунињо
344

Најдобри стрелциУреди
Играч  Голови 
 Флери Ди Нало
182
 Серж Кјеза
134
 Александар Лаказет
129
 Бернар Лакомб 
128
 Жунињо
100
 Сони Андерсон
91
 Бафетимби Гоми
91

 
Флери Ди Нало, најдобриот стрелец во историјата на Олимпик Лион.

ТренериУреди

 
Ален Перен, првиот тренер на Лион кој успеал да освои двојна круна.

Управа и стручни кадриУреди

Управен одборУреди

Позиција Име
Претседател и сопственик   Жан-Мишел Олас
Генерален директор   Тјери Соваж
Заменик Генерален Директор   Венсан Понсо
Спортски директор   Жунињо
Маркетинг директор   Сам Примо
Специјален советник   Бернар Лакомб
Скаутин директор   Флоријан Морис

Тренерски штабУреди

Позиција Име
Тренер   Руди Гарсија
Помошник тренер   Клод Фишо
  Жерал Батикл
  Клаудио Касапа
Тренер на голманите   Кристоф Ревел
Фитнес тренер   Паоло Ронгони
  Седрик Ура
Тренер на младиот тим   Кристоф Деси
Физиотерапевти   Силван Русо
  Абделџелил Редиси
  Антонио да Фонсека

ТитулиУреди

ДомашниУреди

  •   Лига 1
    • Шампион (7) : 2001–2002, 2002–2003, 2003–2004, 2004–2005, 2005–2006, 2006–2007, 2007–2008
    • Вицешампион (5) : 1994–1995, 2000–2001, 2009–2010, 2014–2015, 2015–2016
  • Лига 2
    • Шампион (3) : 1950–1951, 1953–1954, 1988–1989
  •   Куп на Франција
    • Победник (5) : 1963–1964, 1966–1967, 1972–1973, 2007–2008, 2011–2012
    • Финалист (3) : 1962–1963, 1970–1971, 1975–1976
  •   Лига куп на Франција
    • Победник (1) : 2000-2001
    • Финалист (1) : 1995–1996, 2006–2007, 2011–2012, 2013–2014, 2019–2020
  •   Суперкуп на Франција
    • Победник (8) : 1973, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007, 2012
    • Финалист (4) : 1967, 2008, 2015, 2016

МеѓународниУреди

останати пласмани

НаводиУреди

  1. „According to Lyon's official website, it suggests that they consider this their foundation date rather than 1899 - (translation: "1950, date of the club's creation")“. OLWeb.fr. Посетено на 2006-08-23.
  2. (француски) [1], on www.groupama-stadium.com
  3. „According to Lyon's official website, it suggests that was considered this its foundation date rather than 1899 – (translation: "1950, date of the club's creation")“. OLWeb.fr. Архивирано од изворникот на 10 декември 2005. Посетено на 23 август 2006.
  4. „OL 1955–1960“. Fan Foot. 21 ноември 2009. Архивирано од изворникот на 11 март 2012. Посетено на 21 ноември 2009.
  5. „OL 1960–1965“. Fan Foot. 21 ноември 2009. Архивирано од изворникот на 11 март 2012. Посетено на 21 ноември 2009.
  6. „OL 1970–1975“. Fan Foot. 21 ноември 2009. Архивирано од изворникот на 10 јули 2011. Посетено на 21 ноември 2009.
  7. „OL 1975–1980“. Fan Foot. 21 ноември 2009. Архивирано од изворникот на 15 август 2009. Посетено на 21 ноември 2009.
  8. „Olympique Lyonnais 2“. Colours-of-football.com. Посетено на 21 August 2017.
  9. http://www.olweb.fr/en/male/roster-121.html

Надворешни врскиУреди