АФК Свонзи Сити (англиски: Swansea City Association Football Club) е велшки фудбалски клуб од градот Свонзи. Моментално се натпреварува во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал.

Свонзи Сити
Целосно имеАсоциешн фудбал клуб Свонзи Сити
ДржаваВелс Велс
ПрекарЛебеди
Основан1912; пред 112 години (1912)
ЛокацијаСвонзи, Велс
Бои          бела и црна
СтадионЛиберти
Капацитет21,088
СопственикЏејсон Левин & Стив Каплан
ПретседателАнглија Џулијан Винтер
МенаџерАнглија Стив Купер
ЛигаЧемпионшип Чемпионшип
2019–20Чемпионшип лига, 6-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан 1912 како Свонзи Таун , a во фудбалската лига се придружил во 1921 година. Во 1969 година клубот го променил своето име од Свонзи Таун во Свонзи Сити, бидејќи Свонзи добил статус на град.[1] Откако најголемиот дел од своето постоење го поминале играјќи во пониските англиски дивизии, својата прва промоција во Првата дивизија ја избориле во 1981 година. Во текот на нивната дебитантска сезона во елитата тие биле близу до освојување на титулата во лигата, но падот забележан при крајот на сезоната, ги довел до тоа да завршат на шестото место, што сепак до денес е клупски рекорд. Клубот претрпел испаѓање веќе во следната сезона, и послдователно паднал сè до Четвртата дивизија до 1986 година, а потоа за малку избегнале испаѓање во Конференција во 2003 година. Од тој момент започнало искачувањето на клубот од Четвртата дивизија до највисоката дивизија на англискиот фудбал кое подоцна било прикажано во филмот од 2014 година, со наслов Jack to a King – The Swansea Story. Во 2011 година, Свонзи повторно се вратил во елитата по речиси 30 години, изборувајќи промоција во Премиер лигата. Во февруари 2013, клубот го освоил својот прв позначаен трофеј - Лига купот - совладувајќи го нисколигашот Брадфорд Сити во финалето со 5-0; со овој успех се квалификувале за УЕФА Лига Европа, каде стигнале до шеснаесттинафиналето каде биле елиминирани од Наполи. Клубот испаднал од Премиер лигата на крајот од сезоната 2017-2018, завршувајќи на 18-тото место.

Својте домашни натпревари Свонзи Сити ги играле на стадионот Веч Филд до 2005 година, а потоа се преселиле на Либерти, стадион кој го делат со рагби екипата Оспрејс. Капацитетот на Либерти во моментов е преку 21,000 седечки места. Навивачите на Свонзи се познати под името "Џекс", а едно од објаснувањата за нивното име доаѓа од 17 век кога морнарите од Свонзи биле познати како "Swansea Jack" па во градот имале репутција на добри морепловци. Меѓутоа, постојат и други претпоставки за нивното име. Денес навивачите, па и фудбалерите на овој клуб најчесто се нарекуваат Лебеди (заради амблемот на клубот).

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Фреди Вудман
2   ОД Рајан Бенет
3   ОД Рајан Менинг
5   ОД Марк Геи
6   СР Џеј Фултон
7   СР Кори Смит
8   СР Мат Грајмс
9   НП Џамал Лоу
10   НП Андре Ају
13   ГМ Стевен Бенда
14   СР Конор Хурихејн
15   СР Вејн Ратлиџ
Бр. Позиција Играч
17   НП Морган Витакер
18   ГМ Бен Хамер
19   СР Пол Ариола
20   НП Лијам Кулен
21   СР Ијан Данда
22   ОД Џоел Латибодиер
23   ОД Конор Робертс
24   ОД Џејк Бидвел
26   СР Кајн Ноутон
34   ОД Киерон Фриман
44   ОД Бен Кабанго

Менаџери

уреди

 
Менаџери на АФК Свонзи Сити

 
Џон Тошак, го водел Свонзи Сити во периодот 1978-1984.
 
Брендан Роџерс, менаџерот кој го внел Свонзи во Премиер лигата, за првпат во историјата на клубот.
 
Михаел Лаудруп, го одвел Свонзи до првата голема титула, освојувајќи го Лига купот.

Титули

уреди
1924–1925, 1948–1949, 2007–2008
1999-2000
2012-2013
1993–1994, 2005–2006
1912–1913, 1931–1932, 1949–1950, 1960–1961, 1965–1966, 1980–1981, 1981–1982, 1982–1983, 1988–1989, 1990–1991

Наводи

уреди
  1. „Online exhibition: The City of Swansea celebrates its 40th anniversary – City and County of Swansea“. Swansea.gov.uk. Архивирано од изворникот на 4 April 2012. Посетено на 17 February 2012.

Надворешни врски

уреди