Даниел Бернули
Даниел Бернули (Daniel Bernoulli; 9 февруари 1700 - 17 март 1782) — швајцарски лекар, физичар и математичар. Син на Јохан Бернули и внук на Јакоб Бернули. Стекнал знаења од математиката и природните науки и предавал математика, анатомија, ботаника и физика. Бил пријател со Леонард Ојлер, со кого заедно соработувале на повеќе полиња од математиката и физиката (десет пати ја имаат споделено годишната награда од Академијата на науките во Париз). Различните проблеми кои пробувал да ги реши (теорија на еластичност, мехника на бранови), го натерале да развие таков математички апарат како што се диференцијалните равенки и редовите. Соработувал исто така и со Жан ле Рон Даламбер во заедничка студија за вибрирачки жици. Бил првиот кој го употребил симболот „A.S“, за да ја означи функцијата arc sinus.
Поминал неколку години како професор по математика во Санкт Петербург, но најголемиот дел од неговата научна кариера се одвивал на универзитетот во Базел каде држел предавања од медицината, астрономијата и филозофијата. Како и неговиот татко, бил член на Академијата на науките во Париз, Лондон, Берлин и Санкт Петербург.
Објавил во 1738:
- Хидродинамика во кое ја изнел основната теорема за механиката на флуидите која и денеска го носи неговото име - Бернулиева теорема
- Теорија за мерење на ризикот, во која е таканаречениот Парадокс во Санкт Петербург, кој подоцна предизвикал расправа помеѓу него и неговиот брат Николас, и кој претставувал темел за економската теорија на корисност.
Публикации
уредиВо своето дело Хидродинамика, го истакнува значењето на принципот за одржување енергија, и ги изнесува првите елементи на кинетичката теорија на гасовите.
Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |