Список на делегати на Второто заседание на АСНОМ
Второто заседание на АСНОМ се одржало помеѓу 28 и 30 декември 1944 година. Со одлуката број 14, помеѓу 27 октомври и 3 ноември биле кооптирани нови членови за АСНОМ и нејзиниот президиум, меѓу кои се функционерите на ВМРО (обединета) и македонски активисти во Бугарија Крсте Гермов, Петар Трајков, деец од МРО, Димче Зографски и Павел Шатев. Биле кооптирани вкупно 10 нови луѓе.[1] Покрај останатите делегати, претседателот на Националниот комитет за ослободување на Југославија, Едвард Кардељ, Димитар Влахов, Светозар Вукмановиќ - Темпо, претседателот на Татковинскиот фронт, Добри Терпешев, претставникот на советската воена мисија, мајор Инков, и претставниците на британската и американската воена мисија — мајорите Дикенсон и Милер. Меѓу најистакнатите дејци поканети во второто заседание е стариот македонски комунист и политичар Алексо Мартулков.
Президиум на АСНОМ
уредиБрој | Име | Место на раѓање | Датум на раѓање | Функција |
---|---|---|---|---|
1. | Методија Андонов — Ченто | Прилеп | 17 август, 1902 | Претседател |
2. | Лазар Колишевски | Мездра, Светиниколско | 12 февруари, 1914 | Прв потпретседател |
3, | Неџат Аголи | Дебар | 1914 | Втор потпретседател |
4. | Борис Спиров | Брждани, Кичевско | 22 септември, 1897 | Прв секретар |
5. | Епаминонда Поп Андонов | Струмица | 1898 | Втор секретар |
Министери
уредиБрој | Име | Место на раѓање | Датум на раѓање | Министерство |
---|---|---|---|---|
1. | Кирил Петрушев | Богданци | 1895 | Внатрешни работи |
2. | Страхил Гигов | Велес | 16 септември, 1909 | Трговија, занает и индустрија |
3. | Кирил Миљовски | Ресен | 27 мај, 1912 | Трговија и снабдување |
4. | Никола Минчев | Кавадарци | 2 ноември, 1915 | Изградување на власт |
5. | Петре Пирузе | Охрид | 5 мај, 1907 | Правосудство |
6. | Мире Атанасов | Кратово | 9 октомври, 1910 | Рударство |
7. | Богоја Фотев | Герман, Леринско | 14 август, 1900 | Земјоделство |
8. | Ацо Петровски | Скопје | 1901 | Социјална политика |
9. | Стерјо Боздов | Крушево | 7 јануари, 1902 | Народно здравје |
10. | Георги Василев | ? | ? | Сторителство |
11. | Киро Глигоров | Штип | 3 мај, 1917 | Финансии |
12. | Димитар Стојанов — Мире | Прилеп | 10 октомври, 1910 | Просвета |
Пратеници
уредиБрој | Име | Место на раѓање | Датум на раѓање |
---|---|---|---|
1. | Александар Петровиќ | ? | ? |
2. | Димитар Влахов | Кукуш | 8 ноември, 1878 |
3. | Панко Брашнаров | Велес | 9 август, 1883 |
4. | Павел Шатев | Кратово | 15 јули, 1882 |
5. | Алексо Мартулков | Велес | 23 октомври, 1878 |
6. | Крсте Гермов | Прилеп | 5 април, 1868 |
7. | Мара Нацева | Куманово | 28 септември, 1920 |
8. | Цветко Узуновски | Царев Двор, Ресенско | 24 декември, 1912 |
9. | Хасан Шукри | ? | ? |
10. | Јован Ѓелев | Дреново, Кавадаречко | 8 ноември, 1880 |
11. | Вукашин Попадиќ | Гламоч, БиХ | 1904 |
12. | Милош Јаковлевиќ | Галичник, Гостиварско | 19 јуни, 1892 |
13. | Димитар Несторов | Струга | 1890 |
14. | Кемал Сејфула | Скопје | 2 февруари, 1921 |
15. | Младе Георгиев | Челопек, Кумановско | ? |
16. | Веселинка Малинска | Куманово | 4 јануари, 1917 |
Наводи
уреди- ↑ Кочанковски, Jован. Битола и Битолско во Народноослободителната и антифашистичка воjна на Македониjа (1941 – 1945), том 2: 1944 – 1945, с. 427
- ↑ Службен вестник, издаван от АСНОМ, стр. 49