Димитар Стојанов - Мире

Политичар од Македонија

Димитар (Димче) Стојанов - Мире (10 октомври 1910 - 4 септември 1991) ― македонски државник и учесник во народноослободителното движење.

Димитар Стојанов - Мире
Претседател на Собранието
На должноста
4 јануари 1951 – 18 декември 1953
Претходник Димитар Несторов
Наследник Лазар Колишевски
Лични податоци
Роден(а) 10 октомври 1910
Прилеп, Битолски Вилает, Османлиска Империја
Починал(а) 4 септември 1991(1991-09-04) (возр. 80)
Скопје, Македонија, СФРЈ

Животопис

уреди

Образование

уреди

Бил роден во Прилеп на 10 октомври 1910 во занаетчиско, тутунарско семејство. Основно училиште и шест класа гимназија завршил во родниот град, а последните два класа од гимназијата и матурата ги завршил во Битола во 1931 година. Филозофски факултет - историска група завршил во Белград во 1935 година.

Кариера

уреди

На 18 април 1940 година, започнал да работи во гимназијата во Пеќ, каде останал да работи до капитулацијата на Кралството Југославија. Есента 1941 година е поставен за професор во гимназијата во Кратово, а од септември 1942 година до 6 април 1943 година работел како професор во гимназијата во Ловеч (Бугарија). На почетокот на април бил затворен во концентрациониот логор Чучулигово во пиринскиот дел на Македонија, каде останал една година и на 20 јануари 1944 година се приклучил на единиците на НОВ, поточно во Втората и во Петтата народноослободителна бригада. Бил народен претставник на Првото заседание на АСНОМ, член на Президиумот и повереник за просвета на Второто заседание на АСНОМ.

На 16 април 1945 година по формирањето на Првата влада на Федерална Македонија, станал шеф на кабинетот на претседателот на владата. Од есента 1945 година станува потпретседател на планската комисија на Владата на Федерална Македонија.

Од 1 јануари до 19 ноември 1941 година бил директор на ПТТ на Македонија, а потоа станува министер за просвета на НРМ на која функција останал сè до 3 јануари 1951 година кога е избран за претседател на Народното собрание на НРМ со мандат од четири години.

Бил претседател на Одборот за просвета на Републичкиот совет на Собранието на СРМ сè до именувањето на местото директор на Архивот на Македонија. Со решението на Извршниот совет со бр. 09-2711/1 од 16 декември 1960 година - Скопје, тој Народен пратеник е именуван за директор на државниот архив. Решението стапило на сила на 1 јануари 1961 година. Вториот мандат тој го добил со решението на извршниот совет со бр. 10-533/1 од 22 март 1968 година кое стапило на сила на 19 април 1968 година. Во времeто на неговото директорување со Архивот на Македонија, се создава мрежа на десет архивски установи, во кои се оформени 250 архивски кадри изградени се 5 нови архивски згради со вкупна површина од 11259 м2, од кои само 6404 м2 депоа, извршени се огромни истражувчки дејства во земјата и во странските архиви, издадени се 40 тома најзначајни документи за историјата на македонскиот народ од раните средни векови па сè до повоениот период.

Тој бил избран и за почесен доживотен претседател на Друштвото на архивските работници на Македонија.

Смрт

уреди

Починал на 4 септември 1991 година.

Надворешни врски

уреди
Политички функции
Претходник
Димитар Несторов
Претседател на Собранието на Македонија
1951-1953
Наследник
Лазар Колишевски