Неџат Аголи
Неџат Аголи (албански: Nexhat Agolli; Дебар, 1914 - Голи Оток, 28 април 1949) — македонски правник и комунистички деец од албанска народност. Тој бил прв министер за социјална политика во македонската влада по крајот на Втората светска војна.
Животопис
уредиЗавршил право во Рим и бил судија во Тирана, но поради комунистичка дејност бил преместен на служба во Ѓаковица (Косово), каде што станал борец на партизански одред (1942 година). Наскоро се вратил во Дебарско и бил началник на Штабот на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ (1943), а потоа политички комесар на Четвртата младинска албанска бригада (1944).
Бил избран за делегат од Македонија за Второто заседание на АВНОЈ, а на 27 октомври 1944 година бил кооптиран за член на АСНОМ. На 30 декември 1944, на Второто заседание на АСНОМ е избран за втор потпретседател на Президиумот на АСНОМ. При создавањето на првата влада на ДФМ на 16 април 1945 бил избран за министер за социјална политика, во владата од април 1946 година бил втор потпретседател, а во следната влада, избрана во декември 1946 година, повторно бил избран за министер за социјална политика. На таа функција останува до 12 мај 1948 година, кога е разрешен.[1]
По прифаќањето на Резолуцијата на Информбирото (1948), бил уапсен и осуден на робија на островот Голи Оток, каде и починал.
Наводи
уредиИзвор
уредиОваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |