Атанас Великов Атанасов

политичар

Атанас Великов Атанасов-Божанин (Тачо), (Петрич 1921 - Петрич, 1975) беше македонски борец, учесник во партизанското антифашистичко движење во Пиринска, во Егејска и во Вардарска Македонија. Бил партизан од јануари 1944 година во ЕЛАС, потоа во Петричкиот партизански одред „Антон Попов“, а накрај заменик командант на бригада во НОВ.[1] Со наредба на ГШ на НОВ и ПОМ од 17 септември 1944 година во близина на селото Митрашинци - Беровско, на планината Плачковица е формирана 50та Македонско Народно Ослободителна Дивизија на НОВЈ во чиј состав влегле 4та, 13та и 14та МНОУБ. На истиот ден е формирана и 14та Македонска народноослободителна ударна бригада „Димитар Влахов“, а во неа на позиција заменик командант од 23 април 1945 до крајот на војната, бил токму Атанас Атанасов.[2]

Атанас Великов Атанасов
Роден 1921
Петрич, Бугарија
Починал 10 мај 1975
Петрич, Бугарија

Учествувал на сите три заседанија на АСНОМ. На Второто заседание ги пренел желбите на македонскиот народ од Пиринскиот дел на Македонија за обединување во една македонска национална држава. 1949 година е уапсен од „Државна безбедност“ во Петрич по што поради своите македонски национални определби,[3][4] е обвинет дека бил агент на УДБА и агитирал за присоединувањето на Пиринска Македонија кон СР Македонија, односно кон тогашната федерација на СФРЈ.[1] Тој бил затворен и осуден од бугарските власти за време на Резолуцијата на Информбирото.[3][4]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Списък на арестувани агенти на УДБ от Пиринския край след реализацията на разработка „Изменник“ на ДС с кратка справка за извършваната от тях агентурна дейност и получените за нея възнаграждения, Горна Джумая, 14 януари 1949г, - ЦДА, ф.1б, оп.7, а.е.1560, л.5-10
  2. проф.д-р Марјан Димитријевски (декември 2011). „ТЕМЕЛИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ВОЈСКА ОД НОАВМ“ (PDF). Офицер: 9. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-27. Посетено на 2021-03-04. Недостасува |author1= (help)
  3. 3,0 3,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 50. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  4. 4,0 4,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 32. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)

Литература уреди

  • Политичкиот, националниот и социјалниот состав на народните претставници на Првото заседание на АСНОМ, „Гласник на ИНИ“, VIII/1, Скопје, 1964
  • АСНОМ. Документи од Првото и Второто заседание на АСНОМ, I, 2, Архив на Македонија, Скопје, 1984