Мехмед Мехмеди

политичар

Мехмед Мехмеди (роден во 1911 година во село Зајас, Кичевско - починал во 1945 година во село Букојчани, Кичевско) — македонски партизан, делегат на Второто заседание на АСНОМ од албанско потекло.[1]

Мехмед Мехмеди
Роден 1911
Зајас, Кичевско, Отоманско Царство
Починал 1945
Букојчани, Кичевско, Македонија
Националност Албанец
Занимање партизан

Животопис

уреди

Мехмеди бил учесник во НОБ (од летото 1943) и ранет во Мавровско како борец на Групата баталјони на НОВ и ПОМ. По оздравувањето станал борец на Седмата македонска шиптарска НО бригада. Бил убиен во балистичка заседа на враќање од Второто заседание на АСНОМ, заедно со делегатот на АСНОМ, Реџо Рушит Лимани (Зајази).

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Мехмеди“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 943. Text "series " ignored (help)