Врбени (Леринско)

село во Леринско, Егејска Македонија

Врбени или Долно Врбени (грчки: Ιτέα, Итеја; до 1926 г. Βύρμπενη, Вирбени[2]) — село во Леринско, Егејска Македонија, денес во општината Лерин на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 542 жители (2011), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Врбени
Ιτέα
Улица во Врбени
Улица во Врбени
Врбени is located in Грција
Врбени
Врбени
Местоположба во областа
Врбени во рамките на Лерин (општина)
Врбени
Местоположба на Врбени во општината Лерин и областа Западна Македонија
Координати: 40°50.9′N 21°30.49′E / 40.8483° СГШ; 21.50817° ИГД / 40.8483; 21.50817
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругЛерински
ОпштинаЛерин
Општ. единицаОвчарани
Надм. вис.&10000000000000615000000615 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно542
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија уреди

Селото е сместено во Леринското Поле, 17 км североисточно од Лерин крај Стара Река (Палиорема).

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Врбени (или Долно Врбени, за да се разликува од Горно Врбени или Екши Су) е заведено како чисто македонско село. Во 1848 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) го забележал Вербини како македонско село.[4][5] Во 1861 г. Јохан фон Хан на неговата етничка карта го обележал Вербени како македонско село.[4][6] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долно Врбени (Dolno-Vrbéni) имало 200 домаќинства со 615 жители Македонци.[7][8] Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ во 1889 г. во Врбени живееле 152 семејства, сочинети од 732 Македонци.[4][9]

На чело на меснот комитет на Македонската револуционерна организација бил попот Георги Везанков.[10] За време на Илинденското востание во селото е убиен Филип Маврев, а загинале и селските четници Миленко Толев и Стефо Трајков.[11]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Врбени (Долно Врбени) имало 690 жители Македонци.[7][12] На почетокот на XX век селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 624 Македонци, сите под егзархијата.[7][13]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врбени се води како чисто македонско село во Леринската каза на Битолскиот санџак со 75 куќи.[14]

Во првите денови на април 1908 г. власта извршила претрес на селото, спроведен со измачувања и насилства.[15] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, пред Балканските војни селото се состоело од 80 македонски куќи.[3]

Во Грција уреди

 
Врбени во 1917 г. за време на Првата светска војна.
 
Разурнатата црква во Врбени за време на Првата светска војна.

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 677 жители.[3] За кратко селото било окупирано од бугарската армија во Првата светска војна, за да ѝ биде вратено на Грција со Нејскиот мировен договор. По војните, во 1920 г. Врбени имало 548 жители.[3] Во 1926 г. властите му го смениле името во Итеја („врба“), преведувајќи го македонското.[16] Во 1928 г. во селото се попишани 496 лица.[3]

Во 1940 г. селото нараснало на 891 жител, опоравувајќи се од загубите и страдањата војните.[3] Истата 1940 г. грчката жандармериска управа во Лерин составила список на луѓе чија национална свест е „опасна за државата“, и в него се заведени семејствата на Лазар Николов и Вангел Мавров од Врбени. Во 1941 г. за време на Втората светска војна Врбени потпаднало под бугарска окупација и во него е воведена бугарска општинска власт. По повлекувањето на окупациските сили, 12-мината членови на овој општински совет се стрелани на селскиот плоштад.

Малаувањето на жителите зо 1960-тите се должи на силно иселување во прекуокенаските земји. Денес селото и понатаму е чисто македонско, во кое македонскиот јазик се употребува секојдневно.

Цркви уреди

Во селото има три цркви:[17]

  • „Успение на пресв. Богородица“ (изг. 1930)
  • „Рождество на пресв. Богородица“ (изг. 1912)
  • „Св. Никола“

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 891 960 927 733 713 698 650 542
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство уреди

 
Поглед на Врбени од полето.

Населението одгледува жито и тутун, а делумно е застапено и сточарството.[3]

Личности уреди

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Βύρμπενη - Ιτέα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 145.
  4. 4,0 4,1 4,2 Нарекувајќи го „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда.
  5. Григорович, В. Очеркъ путешествія по Европейской Турціи, Москва, 1877, стр. 93.
  6. Croquis der westlischen Zurflüsse des oberen Wardar von J.G. von Hahn. Deukschriften der k Akad. d wissenseh. philos. histor. CIX1Bd, 1861.
  7. 7,0 7,1 7,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  8. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 82-83.
  9. Веркович, Стефан. Топографическо-этнографический очерк Македонии, СПб, 1889.
  10. Спомени на Георги Попхристов
  11. Илюстрация Илинден, бр.134, стр. 10
  12. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 249.
  13. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, pp. 176-177.
  14. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 26.
  15. Одрински глас, брой 15, 20 април 1908, стр. 4.
  16. „Δημήτρης Λιθοξόου. Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
  17. Портал ан поранешната Општина Овчарани[мртва врска] (грчки)
  18. Македонците в културно-политическия живот на България. Анкета от Изпълнителния комитет на Македонските братства, Книгоиздателство Ал. Паскалев и с-ие, София, 1918, стр. 98.

Надворешни врски уреди