Кирил Жерновски

политичар

Кирил Жерновски (роден на 21 октомври 1897 година во Дебар - починал на 28 декември 1972 година во Скопје) — македонски градежен инженер и редовен професор на Градежниот факултет во Скопје во периодот од 1961 до неговото пензионирање во 1967 година по предметите Фундирање, Геомеханика и Организација на градежните работи[1]

Кирил Жерновски
Роден 21 октомври 1897
Дебар, Отоманско Царство
Починал 28 декември 1972
Скопје, СФРЈ
Националност Македонец
Занимање градежен инженер
Роднини Андреј
внук

Животопис

уреди

Жерновски е еден од основачите на Техничкиот факултет во Скопје. Студирал во Софија, во Грац и во Загреб, каде што дипломирал на Техничкиот факултет. Пред Втората светска војна водел приватно проектантско биро, преку кое реализирал многубројни објекти, а бил и претседател на Инженерската комора на Скопје (1937–41). Потоа станал заменик-градоначалник на Скопје во периодот од јули 1941 до почетокот на 1943 година, во времето кога Скопје било под бугарска окупација[2]. Жерновски бил делегат Второто заседание на АСНОМ[3].

Учествувал во НОБ, а по Ослободувањето бил директор на Скопската дирекција на железниците, на „Пробиро” и помошник министер за градежништво (1947–49), по што работел на новооснованиот Технички факултет, на кој бил и декан (1950–52). Бил член на списанието „Луч“.[4] Силно влијаел врз повоениот развој на македонското градежништво, посебно на полето на изградба на инженерски објекти, особено хидротехнички и транспортни.

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Жерновски“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 542–543. Text "series " ignored (help)
  2. Българското управление във Вардарска Македония (1941-1944). София, 2011, 412-435.
  3. Служебен весник издаван од АСНОМ, стр. 49
  4. Църнушанов, Коста. Македонизмът и съпротивата на Македония срещу него. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992, стр. 152.