Лазар Гиновски

политичар
Ова е објавената верзија, проверена на 3 декември 2021. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Лазар Гиновски со псевдоним Насте — македонски партизан, деец на НОВ, капетан од резервниот состав на ЈНА.

Животопис

уреди

Роден е на 9 јули 1913 година во охридското село Белчишта. Во текот на 1942 година влегол во КПЈ. Во периодот 1943-1944 година е интендант во Главниот штаб на НОВ и ПОМ. Делегат е на Првото заседание на АСНОМ и на Второто и Третото заседание на АВНОЈ.

По Втората светска војна е претседател на Околискиот народен комитет, на околискиот суд. Во текот на 1957 година е директор на Претпријатието за домашни занаети. Во периодот 1949-1954 е републички и сојузен пратеник. Член е на Главниот комитет на НОВ. Носител е на Партизанска споменица од 1941 година.[1]

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 359