Алексо Мартулков во второто заседание на АСНОМ
После успешното ослободување на Македонија како дел од народната ослободителна војна, Президиумот на Антифашистичкото собрание на народната ослободителна војна започна да го организира своето второ заседание во новоослободениот град Скопје. Тогашните водачи на АСНОМ одлучиле за нивното второ заседание да свикнат повеќе претставници на македонската дијаспора во Балканот. Освен дијаспората тие свикаа и некои американски и британски генерали кои биле присутни за време на последните фази на народната ослободителна војна. Меѓу повиканите претставници на македонската емиграција во Бугарија бил и Александар Ончев Мартулков, македонски револуционерен деец од Велес познат по тоа што е еден од најстарите социјалисти во Македонија.
Историја
уредиСвикување
уредиСе состанавме со нашата емиграција во Софија (Перо Шанданов, Пецо Трајков, Туше Делииванов, Мартулков, Шакир Војвода и др.). Сите тие плачеа од радост и единствената желба им беше што побрзо да се вратат во Македонија. Радосно беше да се гледаат тие наши стари борци кои како деца плачат и се радуваат што го гледаат остварен вековниот сон
За време на Втората светска војна, Мартулков немал големо учество во ослободителната борба и претежно престојувал воСофија со минимален контакт со народното ослободително движење. Тој претежно ги контактирал Панко Брашнаров и Дончо Мирчевски кои дејствувале во велешко. Но, за време на завршните операции за ослободување на Вардарска Македонија, Мартулков, заедно со некои други македонски активисти во Бугарија, го потпишаа „Апелот до Македонците во Бугарија“ кој се залагаше за ослободувањето и обединување на Пиринска Македонија кон новосоздадената комунистичка држава на Македонија. Апелот исто така го потпишале Павел Шатев, Михаил Герџиков, Туше Влахов и Крсте Гермов. По завршувањето на Втората светска војна во Македонија, новоформираната преодна влада ја имала главната улога да го организира второто заседание на АСНОМ. Еден од свиканите делегати во тоа заседание бил Светозар Вукмановиќ - Темпо. Тој им предложил на тогашниот Президиум на АСНОМ да ги свикале старите македонски активисти во Бугарија.
Во писмото испратено од Светозар Вукмановиќ, на крајот на септември 1944 година, Вукмановиќ пишал како заедно со Михајло Апостолски и Бане Андреев — Ронката биле задолжени да ги посетат старите македонски активисти во Бугарија. Михајло Апостолски и Бане Адреев не можеле да се придружат со Вукмановиќ бидејќи биле зафатени со формирање на партизански дивизии во Плачковица. Во Софија, Светозар се сретна со претставници од Централниот комитет во Бугарската комунистичка партија. Ги натерал да се извинат за суровата фашистичка окупација на Македонија што го направило Бугарското Царство за време на втората светска војна. За време на нивната средба Вукмановиќ ги убедил да го признаат македонското мнозинство во Пиринска Македонија. Тој исто така им побарал да дадат повеќе права и автономија на македонското малцинство во земјата. По неговата средба тој ја добил можноста да разговара со старите македонски револуционерни дејци од ВМРО (Обединета).[2]
Учество
уредиКога се вратив во 1945 година и го погледнав Скопје — за мене тоа беше нов град кој на незамислив начин толку брзо се надуе.
— Алексо Мартулков, [3]
Откако Вукмановиќ ги исполнил неговите цели со посетата во Софија, тој го оставил Кирил Миљовски со македонските револуционери во Бугарија. Миљовски ја добил битната задача да формира привремен комитет со соработка на Илинденската организација и ја имале тешка мисија да го префрлат Алексо Мартулков и другите социјалисти од Бугарија во Скопје за второто заседание на АСНОМ. На 26 октомври 1944 година, само два дена пред заседанието во Скопје, Вукмановиќ му пратил писмо на Миљовски, Вукмановиќ му побарал да побрза со организирањето на трансферот на Алексо Мартулков и другите. Светозар, исто така, му побарал на Миљовски да ги организира македонските единици формирани во Бугарија за време на ослободителната војна да ја загрозат новата комунистичка бугарска влада за да се согласат со обединување на Пиринска и Вардарска Македонија. Помеѓу 27 и 28 октомври Алексо Мартулков заедно со Павел Шатев и Крсте Гермов - Шакир биле пренесени во Скопје.[4]
Конечно, Мартулков повторно се вратил во Македонија. За време на второто заседание на АСНОМ, Мартулков ретко зборувал. Не се знае точно зошто, за време на заседанието тој бил 66 години. Според транскриптите зачувани од разговорите за време на заседанието, единствениот предлог на Мартулков кон Президиумот на АСНОМ било да се приклучи Густав Влахов, синот на Димитар Влахов како дел од новата македонска комунистичка власт. Кога го поднесе тој предлог, Методија Андонов - Ченто, тогашниот претседател на президиумот го прифатил.[5] После заседанието Мартулков бил прогласен како член на президиумот но за време на третото заседание на АСНОМ Мартулков е отстранет како пратеник. Во 1945 година тој станува еден од главните водачи на Уставотворното собрание и имал учество во пишувањето на уставот на НР Македонија.[6] После тоа тој станал еден од главните водачи на Илинденската пензија, комисија формирана со цел да им даде пензии кон учесници во македонското револуционерно движење кои уште биле живи во Македонија.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Писмо од Темпо до ЦК на КПМ (4 декември 2013) од Македонска Нација
- ↑ Апостолски, Михајло (1970). Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945: Документи на Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија 1941-1945. Институт за национална историја. стр. 387.
- ↑ Скопске слике и Контрасти (1951) дел од весникот „Борба“ број 250
- ↑ Апостолски, Михајло (1970). Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945: Документи на Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија 1941-1945. Институт за национална историја. стр. 420.
- ↑ Александар Христов, Миле Тодоровски и Новица Вељановска (1984). Документи, Том 1, Книга 6. Архив на Македонија. стр. 131–132.
- ↑ Уставотворното собрание на НРМ (2003) дел од Македонска Енциклопедија, уредувана од Блаже Ристовски