Јован Ѓелев

политичар
Ова е објавената верзија, проверена на 10 август 2021. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Јован Ѓелев (поп Шаќо) (с. Дреново, Кавадаречко, 8 ноември 1880Скопје, 18 март 1954)[1] – македонски свештеник, учесник во Илинденското востание и во НОБ.

На неколку-месечна возраст останува без мајка, а грижата за негово одгледување ја преземаат неговите две постари сестри. Учествува на Илинденското востание. Бил очевидец на борбата што на 13 јули 1905 година се водела помеѓу четата на војводата Добри Даскалов и голема турска војска предводена од кајмакамот на Кавадарци Шефки Аки-бег.

Уште во почетокот на вооружената борба против фашистичкиот окупатор Поп Шаќо застанал на страната на HOB. Во 1943 година поради тоа бил фатен од страна на контрачетата на Атанас Калчев и бил безмилосно тепан и измачуван за да ги каже неговите врски со партизаните. Откако бил пуштен на слобода, се приклучил на борците на Втората македонска бригада, каде бил назначен за бригаден свештеник.[2]

Во август 1944 година Јован Ѓелев е избран за делегат на Првото заседание на АСНОМ, а на Второто заседание на АСНОМ, одржано од 28 до 30 декември 1944 година е избран за член на Президиумот на АСНОМ.[3]

По Ослободувањето бил свештеник во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје. Одликуван е со Илинденска споменица 1903 година, со Орден од прв ред „Братство и единство“ (11 јули 1945), а одликуван е и од Серускиот патријарх Алексеј со Златен граден крст (14 јули 1945).

Наводи

уреди