Мино Миновски
Мино Миновски, роден како Мино Миланов Минов[1] (5 мај 1905, Битуше — Скопје, пред 1990) — македонски социјалист, учесник во ослободителната армија за време на НОБ, деец во Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија. Член на президиумот на АСНОМ и пратеник во првото и второто заседание на АСНОМ. Најпознат како стрелецот којшто го уби Кочо Рацин во Лопушник.[2][3] После смртта на Кочо Рацин тој соработувал со Кузман Јосифовски - Питу.
Мино Миновски | ||
Роден | Мино Миланов Минов 5 мај, 1905 Битуше, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | пред 1990 Скопје, Македонија | |
Народност | Мијак | |
Познат | Стрелецот на Кочо Рацин |
Животопис
уредиМиновски е роден во сиромашна работничка фамилија во дебарското село Битуше, по потекло бил Мијак.[4] Во рани години страдал заради тоа станал ѕидар и патувал како печалбар низ Кралството СХС.[4] Го изгубил татко му во рани години. Заради тешките услови Миновски почнал да се ориентира кон комунизмот и социјализмот. Во 1931 година кога учел во гимназиско училиште во Скопје се сретнал и се запознал со македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин којшто патувал во различни место како печалбар.[5]
Во 1932 година кога уште се образувал во гимназиско училиште по негова иницијатива заедно со Венко Марковски, Мино Богданов, Киро Гочков и други формирале литературен кружок во градот каде што ја промовирале уникатноста на македонскиот јазик и македонската кауза.[6][7] Во 1934 година се приклучил во Комунистичката партија на Југославија.[8] Во јуни 1936 година заедно со евреискиот активист Рафаел Батино, Живко Ивановски и Васил Антевски одлучиле да формираат партиска ќелија но брзо била укината.[9]
Заради неговите промакедонски гледишта во време на српската пропаганда во Македонија и неговото промовирање на социјализмот во 1936 година бил уапсан од страна на власта и осуден за една година на затвор и една година загуба на граѓански права.[10] Во 1938 година се сретнал со македонскиот партизан и активист Ристо Равановски кај неговото млекарница во градот Скопје. Според Минов, Равановски бил храбар бунтовен, спремен за борба во секој момент.[11] Во 1940 година заедно со Петко Секуловски и помош од Михајло Апостолски ги ширеле идеите на социјализмот и комунизмот во дебарската околија.[12]
Учество во Втората светска војна
уредиЗа време на Априлската војна кога Македонија и Југославија општо подпаднале под бугарска и германска фашистичка окупација, Миновски станал член на акционен комитет основано како подгрупа на Бугарскиот централен акционен комитет во градот Велес, заедно со Страхил Гигов, Панко Брашнар и други фигури од градот.[13] Причината за неговото приклучување во шовонистичкиот комитет било дека голем дел од македонскиот народ во првите денови на бугарската фашистичка окупација сметале дека Бугарите би ги почитувале и третирале подобро, но откриле дека Бугарија би ширела бугарска пропаганда, слично како што било во време на кралството.[14][15]
Во почетокот на 1942 година се откажал од акционен комитет и се приклучува во НОВМ, заедно со Кузман Јосифовски, Крсте Црвенковски, Димо Гавровски и Анте Гиновски биле главни водачи на окружниот комитет на КПЈ во Западна Македонија. Во јуни 1942 година заради други задолженија, Миновски бил исклучен додека во октомври истата година Јосифовски бил исклучен.[16] Заради неговите дејства во западниот дел на Македонија тој станал еден од поистакнатите комунистички фигури во Гостивар, заедно со Седек Костовски, Ристо Равановски, Ѕвезда Јовановска и Миле Тортевски.[17]
Во втората половина на 1942 година заради присуството на албанското малцинство во регионот, Миновски одлучил заедно со Јосифовски да се обидуваат да соработуваат со албанската комунистичка партија под тогашното водство на Енвер Хоџа за заедничко ослободување.[18] Во август 1942 година помогнал со дистрибуцијата и печатувањето на партизанскиот весник „Братство“, весникот е познат како единствениот весник произведен во време на ослободителната борба во Македонија којшто било двојазично, со статии од македонски јазик и албански заради нејзината продажба во региони со албанското мнозинство.[19]
Во јануари 1943 година Кузман Јосифовски патувал во Тетово заради партиски средби, после средбите успешно ги убедил полицајците дека само го посетувал градот и после патувал кон Дебар за да се сретне со Мино Миновски, кога стасал сакал да провери дали примитивната партизанска печатница на Миновски работеле, Мино му потврди дека работеле и му покажал тиража на комунистичкото манифесто како примерок.[20] Помеѓу 1934 година и првата половина на 1944 година Мино Минов добил задачата за градење скривница во тајната база на Јосифовски во населбата Козле но Јосифовски умре од страна на фашистичките бугарски војници пред да било завршено.[21]
Во 5 март 1944 година бил пратен заедно со Јанко Бојков од страна на Љупчо Арсов кон главната база на Методи Антов за средба со Комунистичката партија на Македонија.[22] Во јуни 1944 година пред првото заседание на АСНОМ било преместено седиштето на командата од селото Рамно до селото Жегљане за да можеле повеќе ефикасно да комуницираат покрај манастирот Прохор Пчински. За заменик команда на местото бил промовиран Мино Миновски.[23] Во 2 август 1944 година Миновски учествувал во првото заседание на АСНОМ, во тогашните документи бил обележан како работник од Маврово.[24] Во декември 1944 година ја добил привлегијата да учествува во второто заседание на АСНОМ како член во Презедиумот.[25]
После војната
уредиПосле војната Миновски работел за кратко време во најголемата велешка маслодајна фабрика од 1953 година до околу 1960 година, кога станал главен на скопската фабрика за бетонско производство „Карпош“.[26][27] Во 1969 година заедно со Митре Инадевски, Абдуш Хусеин, Милош Константинов, Кузман Георгиевски и Боро Кралевски биле автори на книгата „Беа, останаа, загинаа“ којшто е енциклопедиска книга составена од имињата и биографии на сите загинати учесници во НОБ и НОВМ од Скопје и скопската околија.[28][29] Во 1987 година учествувал во Рациновите средби во Велес, после тоа не е познато како му продолжил животот или кога починал, освен дека починал во Скопје.
Учество во смртта на Кочо Рацин
уредиМино Миновски го запознал Кочо Рацин во 1931 година кога уште се образувал во гимназиското средно школо во Скопје.[5] Миновски и Рацин не биле во редовен контакт но сепак според Миновски тој бил восхитен кон делата на Рацин кон социјализмот и македонскиот јазик, како стихозбирката Бели Мугри. Во мај 1943 година Кочо Рацин се приклучува во партизанскиот одред „Кораб“ заедно со Миновски во нивната база кај Лопушник. Според Миновски, Кочо Рацин бил многу среќен, имал ранец со оружја внатре и еден ситен пиштол. Кога стасал ја бакнал земјата.[30]
Во 13 јуни 1943 година, откако Кочо Рацин бил пратен во главиот штаб за да собере материјали и храна, Миновски чувал стража заедно со неговиот другар Митро Инадевски, заедно зборувале за долго време но Инадевски после тоа му спомнал како видел некој војник со пушка како патувал кон нивната база, Миновски после тоа се спремал да го застрелил, имал само еден куршум во пушката и заради тоа се грижел дали ќе бил успешен, за секој случај му викал стоп кон тој што патувал кон нивната база, кога не добил одговор си ја наместил пушката и го пукнал Кочо Рацин.[31]
Откако го пукна се собрале Митре Инадевски, Пеце Чинго, Киро Георгиевски и цела ноќ седеле покрај Кочо Рацин. После стрелањето пристигнале и Крсте Црвенковски и Страхил Гигов. Следниот ден во 14 јуни одлучиле да го закопаат Кочо Рацин во планината и да го памтеле местото заради тоа што после војната да го вратат во неговиот роден град.[32] Пред тоа во ноќта кога Кочо Рацин уште бил свесен си ги прашал неговите соработници „Што е ова другари? Вистина ли е или сонувам?“ после тоа неговите другари го осигорувале дека би преживеал но Кочо Рацин немал надеж заради тоа рекол „Другари. имам стара мајка во Велес, кажете ѝ оти загинав за Македонија“ и брзо умрел после тоа.[33]
Смртта на Кочо Рацин уште не е заклучено дали било злоунамерен обид на убиство од страна на Миновски или несреќа со недоразбирањето. Во еден од Рациновите средби којшто учествувал помалиот брат на Кочо Рацин, Димко Солев кога го прашал Страхил Гигов како умрел Кочо Рацин и зошто умрел, Гигов сомнително одлучил да остане тиков без одговор.[34]
Наводи
уреди- ↑ Џиков, Ставре (1993). Makedonija vo komunističkiot triagolnik. Ѓурѓа. стр. 237.
- ↑ Јаневски, Дарко (13 јуни 2022). „МИСТЕРИЈАТА ТРАЕ: Македонското национално прашање му пресуди на Кочо Рацин!?“. Денешен Весник.
- ↑ „„Денови ли се денови "…опејуваше македонскиот безврменски поет“. Куларт. 14 јуни 2019.
- ↑ 4,0 4,1 Бужаровски, Ристо (1976). Галичка повест. Наша Книга. стр. 171.
- ↑ 5,0 5,1 Ристовски, Блаже (1983). Kočo Racin: istorisko-literaturni istražuvanja. Македонски книги. стр. 52.
- ↑ Георгиевски, Кузман (1997). Seḱavanja za nastani i za ličnosti od Makedonskoto revolucionerno dviženje. Институт за национална историја. стр. 169.
- ↑ Арнаудова, Анка. Osobnost Venka Markovskeho v Macedonskej literature (PDF). Univerzita Karlova v Praze. стр. 11.
- ↑ Груевски, Зоге (1976). Trite mavrovski sela, kompleksna monografska studija. Zaednica na naučnite dejnosti. стр. 151.
- ↑ Колономос, Жамила. „Jewish Communities In Macedonia Prior To 1941“. Ел Мундо Сеферад.
- ↑ Иванов, Костадин (2018). Исторически Преглед (PDF). Бугарската академија на науки. стр. 162. Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-08-25. Посетено на 2024-08-23.
- ↑ Бужаровски, Ристо (1976). Галичка повест. Наша Книга. стр. 174.
- ↑ Апостолски, Михајло (1975). Simpozium Slobodnite teritorii vo Makedonija 1943. Odbor za organiziranje na naučniot sobir Slobodnite teritorii vo Makedonija 1943. стр. 471.
- ↑ No. 10, MINUTES OF THE MEETING FOR CREATION OF A LOCAL BULGARIAN CAMPAIGN COMMITTEE IN THE TOWN OF VELES (14 април 1941) од Бугарскиот централен акционен комитет
- ↑ „Bulgaria During the Second World War by Lee Miller (Occupation on Vardar Macedonia)“. Архивирано од изворникот на 2023-03-03. Посетено на 2024-08-23.
- ↑ "The army that had been greeted with such enthusiasm became an object of disgust." - Marshall Lee Miller: "Bulgaria During the Second World War," chapter "The Bulgarian occupation of Macedonia," Stanford University Press, pg. 122-125, 1975.
- ↑ Савевски, Димче (1997). Todor Cipovski-Merdžan, vreme, život i delo. стр. 64. ISBN 9989622086.
- ↑ Здружение на историчарите на Република Македонија (1996). Историја, списание на Сојузот на историските друштва на СР Македонија · Томови 31 - 32. Сојуз. стр. 19.
- ↑ Битовски, Крсте (2003). Историја на македонскиот народ. Институт за национална историја. стр. 218. ISBN 9789989624766.
- ↑ Институт (1967). Гласник на Институтот за национална историја. Институт за национална историја. стр. 151.
- ↑ Мадиќ, Милорад (1974). Кузман Јосифовски Питу, путевима Питу Гулија (PDF). Горен Милановац: Библиотека Легенде. стр. 57.
- ↑ Да не се заборави, споменици и спомен од НОВ во Скопје (1982)
- ↑ Апостолски Михајло (1979). Извори за ослободителната војна и револуција во Македонија 1941-1945: Документи на Комунистичката партија на Југославија и Комунистичката партија на Македонија 1941-1945. Институт за национална историја. стр. 113.
- ↑ Архивски фондови и збирки во државниот архив на Република Македонија - Одделение Куманово. стр. 69.
- ↑ Удрени се темелите на Македонска Федеративна Држава во нова и федеративна Југославија (1944) од Презедиумот на АСНОМ, страна 2
- ↑ Список на членовите од Презедиумот на АСНОМ избран во II-то заседание на АСНОМ на 30 декември 1944 година (1944)
- ↑ СР Македонија (1960). Služben Vesnik. Президиум на АСНОМ. стр. 535.
- ↑ Службен весник на Народна Република Македонија, 31 декември 1953 година.
- ↑ Беа, загинаа остана, спомен книга за загинатите борци од НОВ и жртвите на фашизмот (1969) од Здружение на историчари од Македонија
- ↑ Збирка од извонредна вредност (1969) од М. Константинов, стр 475
- ↑ Колендиќ, Антун (30 март 2023). „Нечовечка хајка против Рацин во партизаните: Атмосферата што го убила непријателски расположениот индивидуалист“. Рацин.мк.
- ↑ Извадок од „Живот и време. Автобиографија“ (1973) од Мино Миновски помеѓу страна 335 и 337
- ↑ А1он (13 јуни 2013). „Сведоштво на Мино Миновски, човекот што пукаше во Рацин“. А1онлајн.
- ↑ Последните денови со Кочо Рацин (1980) од Јосиф Ќаевски - Перо
- ↑ Андреевски, Стоилко (24 декември 2017). „Аманетот на грнчарот Димко Солев: „Јас не дознав но, вие деца мои да дознаете како загина брат ми Кочо?"“. Дума.мк.