Мино Богданов

политичар

Мино Богданов – Ларго ( 1912 во Велес1989)[1] — македонски комунистички деец, воен раководител во НОАВМ.

Бил член на КПЈ (1932), на Месниот комитет на КПЈ во Велес и на Месниот комитет на КПЈ во Скопје. Пред Втората светска војна двапати бил апсен и осудуван според Законот за заштита на државата, а подоцна интерниран во логорот во Билеќа.

Во времето на НОАВМ бил еден од организаторите на НОД во Велешко, политички комесар на Кичевско-мавровскиот партизански одред, политички комесар на Првата оперативна зона на НОВ и ПОМ (1943), интендант на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и делегат на Првото заседание на АСНОМ.

По Ослободувањето бил републички пратеник во Народното собрание.[1][2] По Резолуцијата на Информбирото бил уапсен и спроведен на Голи Оток.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 80. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 43. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 173