Кирил Георгиевски

политичар

Кирил Георгиевски – Дејан (15 август 1910 во Прилеп30 април 1986 во Скопје) — македонски комунист, првоборец, инженер-архитект, политичар, државник и резервен потполковник на ЈНА. Бил носител на Партизанска споменица 1941.[1][2]

„Шумите се богатство на нацијата и човештвото“ — Киро Георгиевски - Дејан

Животопис

уреди
 
Михајло Апостолски, Милица Вукмановиќ и Киро Георгиевски - Дејан на Кожув планина, јануари 1944

Завршил Технички факултет во Белград. Како член на КПЈ (1941) дејствувал во народно-ослободителното движење во Скопје (1941-1943), поради што во отсуство бил осуден на смрт од страна на бугарскиот окупатор.[2] Во НОАВМ бил член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ (од кон крајот на 1943), а работел на територијата на Втората оперативна зона и Вториот областен комитет, а служел и за врски со партизанските единици од територијата на Македонија под Грција (Егејска Македонија).[1][3] Бил избран за: делегат за Второто заседание на АВНОЈ, делегат-учесник на Првото заседание на АСНОМ и заменик на началникот на ОЗНА за Македонија (до 1945 година).

По Ослободувањето на Македонија, бил министер за комунални работи на НРМ, претседател на Планската комисија на НРМ, претседател на Советот за пошумување на голините, генерален секретар на Владата на НРМ, претседател на Републичкиот совет на Собранието на СРМ, член на ЦК на КПМ/СКМ и на ЦК на КПЈ/СКЈ и претседател на Црвениот крст на Македонија.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том I, стр. 348.
  2. 2,0 2,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 126. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  3. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 67–68. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)