Вељо Манчевски
Вељо Манчевски (роден на 17 април 1905 година во село Броштица, Дебарско - починал на 23 мај 1962 година во Скопје) — македонски свештеник, учесник во НОБ, прв референт на Верското поверенство при ГШ на НОВ и ПОМ и делегат на АСНОМ.[1]
Вељо Манчевски | ||
Роден | 17 април 1905 Броштица, Дебарско, Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 23 мај 1962 Скопје, СФРЈ | |
Националност | Македонец | |
Занимање | свештеник |
Животопис
уредиПо окупацијата во текот на 1941, како свештено лице се вклучил во НОВ. Од ноември 1943 бил назначен за верски референт при ГШ на НОВ и ПОМ и ја организирал првата црковна општина на слободната територија во Дебрца. Го свикал Првиот свештенички собор на 24. Ⅹ 1943 во с. Издеглавје, Дебрца. Бил затворен од албанските квислиншки власти (1944). По излегувањето од затвор стапил во единиците на НОВ И ПОМ. Учествувал на Првото заседание на АСНОМ.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Манчевски“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 914. Text "series " ignored (help)