Оловраде

поранешно село во Костурско, Егејска Македонија

Оловраде (Ловраде/Лувраде или Головраде; грчки: Σκιερό, Скиеро; до 1928 г. Λουβράδες, Луврадес[1]) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Рупишта на Костурскиот округ во Западна Македонија, Грција.

Оловраде
Σκιερό
Оловраде is located in Грција
Оловраде
Оловраде
Местоположба во областа
Оловраде во рамките на Рупишта (општина)
Оловраде
Местоположба на Оловраде во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°21.59′N 21°8.21′E / 40.35983° СГШ; 21.13683° ИГД / 40.35983; 21.13683
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија

уреди

Остатоците од селото се наоѓаат на 15 км југозападно од Рупишта. Лежат на планината Одре, на десниот брег на реката Галешово.

Историја

уреди

Во Отоманското Царство

уреди

Според преданијата, Оловраде е основано во XVI–XVII век од седум семејства, меѓу кои биле Гетовци, Ивановци и други.[2]

Селото, заедно со останатите костенарски села силно настрадало за време на Али-паша Јанински.[3]

На крајот на XIX век Оловраде било мало македонско село во Костурската каза. Во 1881 г. броело 135 жители.[3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Оловраде имало 181 жител, сите Македонци.[4][5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година Ловради (Головради) е чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 30 куќи.[6]

На почетокот на XX век целото население на Оловраде било под врховенството на Цариградската патријаршија. Според грчка статистика, во 1905 г. Луврадес е село со 300 жители.[7] Според Георги Константинов Бистрицки Лувраде пред Балканските војни имало 30 македонски куќи.[4][8] Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) за приближно истиот период го дава Луврада со 7 христијански македонски куќи.[9]

Целото село зело учество во Илинденското востание во 1903 г.[2] За време на востанието селот е запалено и жителите го напуштиле.[3]

На 6 август 1905 г. голема андартска чета навалила на селото и извршила палежи и грабежи.[10] Според Христо Силјанов во септември 1905 г. селото е нападнато от андартски чети кои биле одбиени од селската милиција на Оловраде и околните села, но со дадени жртви.[11] Во истата 1905 г. 3 куќи од Оловраде се преселиле во Рупишта поради зулумите на андартите. Тоа биле родовите Танасовци (1 куќа, таткото бил кројач) и Нашовци (2 куќи).[12] Следеле уште напади во 1906 г.[13]

Како последица од андартските упади во 1907 и 1908 г. голем дел од жителите на Оловраде се преселиле во гратчето Рупишта.[14]

Според Георгиос Панајотидис, учител во Цотилската гимназија, во 1910 г. во Лувраде (Λουβράδες) селото било без жители, бидејќи неговите 30 семејства се иселиле заради нападите на грчките чети и турската војска.[15]

Во Грција

уреди

За време на Балканските војни селото е окупирано од грчка војска и согласно Букурешкиот договор во 1913 г. влегло во состав на Грција. Таа година населението броело 176 жители, иако Тодор Симовски ова го смета за грешка. На пописот од 1920 г. заведени се 33 лица.[3] Во 1928 г. селото е преименувано во Скиеро. Таа година имало само 22 жители.[3] Оловраде е иселено во 1930-тите. На пописот од 1940 г. не се води како посебна населба, и неколкуте преостанати семејства все вбројани во жителите на Езерец. Во 1945 г. е ограбено од грчки разбојнички банди.[3]

Според Васил Ивановски, во Граѓанската војна во селото е воспоставен штаб на ДАГ и во војната селото е наполно уништено од грчката армија, и од него останала само селската црква „Успение на пресв. Богородица“.[16]

Личности

уреди
  • Атанас Штерјов — револуционер на ВМОРО, четник на Христо Цветков[17]
  • Димитар Николов (1886 – ?) — борец во МОО, I чета на XI Серска дружина[18]
  • Васил Ивановски (1906 – 1991) — културно-национален и комунистички деец, публицист и историограф

Наводи

уреди
  1. „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
  2. 2,0 2,1 Катарџиев, Иван. Васил Ивановски – живот и дело, предговор кон: Ивановски, Васил. Зошто ние Македонците сме одделна нација, Избрани дела, Скопје, 1995, стр. 14.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 35. ISBN 9989-9819-6-5.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
  6. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 99.
  7. Mapping Migration in Kastoria, Macedonia. Skiero Архивирано на 26 јули 2007 г..
  8. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
  9. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 18.
  10. Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр. 64.
  11. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 210–211.
  12. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 58.
  13. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 220.
  14. Катарџиев, Иван. Васил Ивановски – живот и дело, предговор кон: Ивановски, Васил. Зошто ние Македонците сме одделна нација, Избрани дела, Скопје, 1995, стр. 14 – 15.
  15. Παναγιωτίδης, Γιώργος Π. Σ (1911). „Τα Καστανοχώρια“. Μακεδονικόν Ημερολόγιον (грчки). εν Αθήναις: Τύποις «Αυγής Αθηνών», Θ. Ν. Αποστολοπούλου. Δʹ: 137. Архивирано од изворникот на 2020-10-25. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help)
  16. Катарџиев, Иван. Васил Ивановски – живот и дело, предговор кон: Ивановски, Васил. Зошто ние Македонците сме одделна нација, Избрани дела, Скопје, 1995, стр. 15.
  17. „Дневник на четите, изпратени в Македония от пункт Кюстендил. 1903-1908“, ДА - Враца, ф. 617к, оп.1, а.е.1, л.52
  18. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 502. ISBN 954-9800-52-0.