Ванчо Бурзевски
Ванчо Бурзевски (2 јануари 1916 во Немањинци, Светиниколско — 8 мај 2007 во Скопје) — македонски комунист, борец за слобода на Македонија, учесник во НОВ, економист, универзитетски професор и амбасадор.
Животопис
уредиБил учесник во МАНАПО во Загреб и во Белград (1938–1941) и член на КПЈ (1941). Во НОАВМ бил член на МК на КПЈ во Свети Николе (1941) и организатор на Воениот комитет за Овчеполската околија, секретар на ОК на КПМ во Гостивар, член на Окружниот комитет на КПМ во Тетово, секретар на Првиот областен комитет на КПМ, избран делегат за Второто заседание на АВНОЈ, делегат на Првото заседание на АСНОМ[1][2] и заменик-политички комесар на дивизија на НОВЈ. За време на НОБ, Бурзевски бил вклучен во една од најконтроверзните епизоди околу убиството на партизанката Лена Стојчевска.[3]
По Ослободувањето бил секретар на Комисијата за аграрна реформа и колонизација и помошник на министерот за аграрна реформа и колонизација при Владата на ФНРЈ, началник на Контролната комисија на ФНРЈ, член на Централната ревизиона комисија на КПЈ, министер за земјоделство во Владата на НРМ, министер за стопанство во Владата на СРМ, републички и сојузен пратеник, член на ЦК на КПМ, член на Главниот одбор на ССРНМ и СЗБНОВ на Македонија, амбасадор на СФРЈ во Замбија, професор и декан на Економскиот факултет во Скопје. Носител е на Партизанска споменица 1941.[4]
Трудови
уреди- Економика на аграрот, учебник, три изданија -1959, 1961 и 1963
- Економската положба на македонските селани помеѓу двете светски војни, Скопје, 1982
- Увод во научната работа, учебник, 1981
- Дијалектиката на Титовото дело, 1983
- Ефикасна поединечна наобразба, 1983
- Колонизација и деколонизација на Македонија, 1987
- Неодминлив развоен период, Скопје, 1999
- Одбрани статии, библиографско издание, книга I, II и III
- О колонизацији Македоније, Скопје, 1945
- Некои аспекти на односите село-град, ноември 1959
- Ситното стопанство во денешни услови
- Проблеми на интеграцијата во земјоделството, 1972
- Значењето на економското натпреварување помеѓу СССР и САД
- Проблеми во исхраната во светот
- Зошто Југославија не направи национализација на земјата
Наводи
уреди- ↑ д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 93. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 51–52. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ „Стрелањето на партизанката Лена“, Македонска марксистичка архива
- ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, стр. 229
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |