Даре Џамбаз
Божидар (Даре) Џамбаз (Прилеп, 1 октомври 1911 - Скопје, 27 јануари 1981) — македонски фармацевт, борец и политичар.
Даре Џамбаз | |
---|---|
Министер за финансии | |
На должноста 16 април 1945 – 18 април 1946 | |
Претседател | Лазар Колишевски |
Претходник | Љупчо Арсов |
Наследник | Даре Џамбаз |
Министер за финансии | |
На должноста 18 април 1946 – 31 декември 1946 | |
Претседател | Лазар Колишевски |
Претходник | Даре Џамбаз |
Наследник | Даре Џамбаз |
Министер за финансии | |
На должноста 31 декември 1946 – 6 јануари 1951 | |
Претседател | Лазар Колишевски |
Претходник | Даре Џамбаз |
Наследник | Даре Џамбаз |
Министер за финансии | |
На должноста 6 јануари 1951 – 3 февруари 1953 | |
Претседател | Лазар Колишевски |
Претходник | Даре Џамбаз |
Наследник | ? |
Министер за финансии | |
На должноста 19 декември 1953 – 15 април 1958 | |
Претседател | Љупчо Арсов |
Претходник | ? |
Наследник | ? |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1 октомври 1911 Прилеп, Османлиско Царство |
Починал(а) | 27 јануари 1981 Скопје, СФР Југославија | (возр. 69)
ЖивотописУреди
Дипломирал фармација во Загреб во 1935 година. Веднаш по окупацијата на земјата во 1941 година стапил во НОБ и бил активен борец. Бил уапсен од бугарските власти и интерниран во Бугарија (1942-1943).
По Втората светска војна бил член на АСНОМ - на Третото заседание во 1945 година, министер за финансии во владите на Лазар Колишевски од 1946 до 1953 година, како и во Владата на Љупчо Арсов од 1953 година. Бил претседател на РССНМ, претседател на Планинарскиот сојуз на РМ, а вршел и други општествени и политички раководни функции. Тој е еден од основачите на Републичкиот Црвен крст на Македонија и негов долгогодишен претседател до неговата смрт.[1][2]
Во негова чест, Домот на хуманитарни организации во Скопје и Планинарски дом на Водно го носат неговото име.
НаводиУреди
- ↑ „Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 1636 стр.
- ↑ Биографија на Даре Џамбаз oldprilep