Димитар Зафировски

политичар
Ова е објавената верзија, проверена на 13 септември 2022. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Димитар (Митко) Зафировски (27 август 1907 во Гевгелија1944 во — 4 јули 1973 во Скопје) — македонски комунистички деец, припадник на работничкото движење, новинар, учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

По Балканските војни живее во Бугарија како емигрант. Во 1932 станува член на БКП, а подоцна и партиски функционер по национална линија при Централниот комитет на БКП.[1]

Соработува со списанието „Роден крај“ на Гевгелиското братство во Софија и соработува во списанието „Македонски вести“, каде што објавува под псевдонимот Д. Г. Заров. Заедно со Антон Попов и Коста Веселинов го уредуваат весникот „Гоце“ во 1938 година.

До 1941 година бил прогонуван како лево ориентиран Македонец. За време на окупацијата повеќепати бил апсен, а во април 1943 година, во отсуство, бил осуден на смрт. Од 1941 година станува секретар на МК КПЈ за Гевгелија. Во 1942 година станува член на Пленумот на ПК КПЈ за Македонија, член на Агитпроп при Главниот штаб на НОВ и ПОМ и на ЦК КПМ. Учествува на Првото заседание на АСНОМ.[1]

По ослободувањето тој бил првиот диркетор на ИНИ, во периодот од (1948-1949)[2], додека во периодот 1951-1972 е директор на Народната библиотека во Скопје.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 187. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. „За институтот - ИНИ“. www.ini.ukim.mk. Посетено на 2022-09-13.
  3. http://nubsk.edu.mk/za-nas/istorija