Петар Шанданов
Петар (Перо) Димов Шанданов (Охрид, 1894 - Софија, 1971) бил учесник во македонското револуционерно движење.
Петар Шанданов | ||
![]() | ||
Роден | 4 јули 1895 Охрид, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 15 октомври 1971 Софија, Бугарија [1] |
Учествувал во Охридско-дебарското востание против српската власт во 1913 година. Се борел во Единаесеттата пешадиска македонска дивизија во состав на бугарската војска како офицер. Бил избран за резервен член на ЦК на ВМРО. Во периодот 1925-1928 година, по убиството на Протогеров и поделбата во редовите на ВМРО застанал на чело на протогеровистите.
Втора светска војнаУреди
За време на Втората светска војна се вклучил во антифашистичкото движење во Бугарија. По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, потписник е на Апелот до Македонците во Бугарија заедно со други видни револуционери и дејци како: Павел Шатев, Туше Делииванов, Ангел Динев, Михаил Герџиков и др.[2]
Во 1944 година бил избран за делегат на Второто заседание на АСНОМ.
Во 2002 година неговите спомени се објавени на македонски јазик.