Ристо Бајалски
Ристо Бајалски (Солун, 27 септември 1916 — Скопје, 2 март 1999)[1] — револуционер, организатор на НОБ во Гевгелиско,[2] македонски комунист и политичар.
Станал член на СКОЈ во 1935 година, а на КПЈ во 1936 година. Бил секретар на Месниот комитет на КПЈ (1936) и на Окружниот комитет на КПЈ во Гевгелија (1942 — почетокот на 1943). Во НОВ бил политички комесар на Гевгелискиот партизански одред „Сава Михајлов“, политички комесар на баталјонот „Страшо Пинџур“ и политички комесар на Првиот бугарски баталјон „Христо Ботев“, формиран на македонска територија. Бил избран за учесник на Првото заседание на АСНОМ и делегат на Третото заседание на АВНОЈ.[1][2]
По Ослободувањето бил министер за трговија и снабдување во Владата на НРМ, член на ЦК на КПМ, секретар на ГО на НФМ, претседател на Трговската комора на Македонија, генерален секретар и претседател на Трговската комора на Југославија, потпретседател и генерален секретар на Стопанската комора на СФРЈ, сојузен и републички пратеник во повеќе свикувања.
Носител е на Партизанска споменица 1941.[3]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 58. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 37. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том I, стр. 117.
Оваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |