Боро Чаушев

македонски партизан и генерал-мајор на милицијата на НР Македонија

Боро Чаушев (6 ноември 1917 - 22 февруари 2001) бил македонски партизан, комунист и генерал-мајор на милицијата на НР Македонија.

Боро Чаушев
Boro Čaušev.jpg
Роден 17 септември 1917
Неготино
денес Македонија Македонија
Починал 22 февруари 2001(2001-02-22) (возр. 83)
Скопје
СР Македонија СР Македонија

ЖивотописУреди

Пред војната бил работиник во железница. Станал член на КПЈ во 1940 година, а во војната се вклучил во 1941 година, како партизан во партизанскиот одред „Добри Даскалов“. Во војната бил политички комесар на Народноослободителниот баталјон „Страшо Пинџур“, кој делувал во рамките на Втората македонска ударна бригада. Од 17 до 30 септември бил политички комесар на Четиринаесеттата македонска ударна бригада,[1] а подоцна бил и дивизиски политички комесар на педесеттата и четириесет и осмата дивизија.[2]

Од 1950 година бил командант на милицијата на НР Македонија, секретар за внатрешни работи на Македонија, член на републичкиот Извршен совет, а извршувал и други функции.

Бил избран за републички и сојузен пратеник. Исто така бил и командант на Главниот штаб за народна одбрана на Социјалистичка Република Македонија.

Одликуван бил со Орден на братството и единството со златен венец, Орден на заслуги за народот со златна ѕвезда.

НаводиУреди

ЛитератураУреди

  • Војна енциклопедија 2 (Брдо - Фоа) (изд. друго.). Београд. 1971. стр. 238.