Добри Колев Терпешев е деец на БРП(к). Бил учесник во комунистичкото движење на отпорот за време на Втората светска војна. Бил командант на Народноослободителната востаничка армија (НОВА).

Животопис

уреди

Добри Терпешев е роден на 15 мај 1884 г. во с. Изворово. Завршил основно образование. Бил член на Бугарската работничка социјалдемократска партија од 1903 г. Бил мобилизиран за време на Балканските војни. За антивоена дејност бил осуден на смрт во 1912, но подоцна бил помилуван.

 
Добри Терпешев говори на Второто заседание на АСНОМ во Скопје, 22 декември 1944

Во 1924 – 1925 г. е политички раководител на Хасковската комунистичка чета „Христо Ботев“. За време на априлските настани во Бугарија во 1925 година бил осуден на смрт. Во затвор лежи до 1937 г. Во 1938 г. станал член на ЦК на БРП(к).

По соборувањето на владата на Иван Багрјанов води преговори со кабинетот на Константин Муравиев за мирно предавање на власта во рацете на Отечествениот фронт. Добри Терпешев е меѓу главните фигури при заземањето на власта на 9 септември 1944 г. Бил член на владината комисија која официјално ја предал административната власт во Егејска Македонија на партизаните од ЕЛАС во октомври 1944 г. Учествувал во делегацијта за потпишување на т.н. Московско примирие истиот месец. Бил учесник во делегацијата која присуствувала на второто заседание на АСНОМ во Скопје во декември. Бил унапреден во чин генерал.

Во 1961 г. му е одземена пензијата, а во 1964 г. бил протеран од Софија во Плевен. Умира во 1967 г. на 83 години.[1]

  1. Бутовски, Иван. „Добри Терпешев - най-простият ни държавник“. 168 Часа | By Иван Бутовски. Посетено на 2021-10-21.