Никола Вражалски

политичар

Никола Иванов Вражалски (Кочани, 12 мај 1914 - Скопје, 8 август 1998) — припадник на студентското движење МАНАПО, учесник во НОВ, македонски правник, јавен обвинител на НРМ и пратеник.[1]

ЖивотописУреди

Вражалски е роден во Кочани на 12 мај 1914 година. Правен факултет завршил во Белград во 1940 година. За време на студиите во Белград активно се вклучил во студентските активности и во друштвото „Вардар“.[1][2] Станал член на КПЈ во 1940 година. Со дозвола на Комунистичката партија на Југославија, во периодот на бугарската окупација на Македонија, се инфлитрирал и бил поставен како кмет најпрво во Чичевската општина (1941 година), па во Богомила (1942 година), а од јуни 1942, бил поставен за кмет на селото Блатец. Од октомври 1942 година работел во Скопје. Бил член на АСНОМ и организатор на НОО во Кочани во 1944 година. Бил и народен пратеник во Уставотворното собрание на НРМ од Кочанска околија и член на Уставотворниот одбор за поготовка на Уставот на НРМ од 1946 година и јавен обвинител на НРМ од 1946 до 1948 година[3]. Потоа бил испратен на Голи Оток како информбировец. Починал во Скопје во 1997 година. Во негова чест една улица во Кочани го носи неговото име[4].

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 116. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)
  2. Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 61. ISBN 9989-613-28-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Јавното обвинителство во Република Македонија, Скопје, 2000
  4. „Улици во Кочани добија имиња на локални заслужни граѓани“. Утрински Весник. 7 јули 2007. Посетено на 2010-05-19.