Стерјо Боздов
Стерјо Боздов (7 јануари 1902 - 13 април 1987) бил член на АСНОМ, член на Президиумот на Второто и Третото заседание на АСНОМ и прв декан на Медицинскиот факултет во Скопје.
Стерјо Боздов | ||
Роден | 7 јануари 1902 Крушево | |
---|---|---|
Починал | 13 април 1987 Крушево, Југославија |
Животопис
уредиСтерјо (Иван) Боздов - Ѓуша е роден на 7 јануари 1902 година во Крушево, каде заршил основно образование. Гимназиското образование го започнал во Крушево, а го завршил во Битола, во јуни 1922 година, и веднаш се запишал на медицински студии во Виена, Австрија. По четири ислушани семестри, во 1924 година поради немање материјални средства заминал во Белград, каде ги продолжил студиите по медицина на Белградскиот универзитет. Таму Боздов почнал да се дружи и да дејствува во рамките на Младешка македонска тајна револуционерна организација (ММТРО), поради што на Скопскиот студентски процес во 1928 година бил осуден на пет години затвор. Во декември 1930 година излегол од затвор и се повлекол од политичкиот живот. Во 1933 година ги завршил студиите во Белград, и се стекнал со титула доктор по медицина.[1] Се вратил во родното Крушево, каде работел како семеен лекар во мала приватна ординација.
Политичка активност
уредиСтерјо Боздов бил во постојан контакт со клучни личности од тогашниот политички живот во Македонија, меѓу кои со Методија Андонов - Ченто. Во 1935 година се вклучил во редовите на Здружената опозиција, а во 1938 година активно се вклучил во Земјоделската партија на Јоца Јовановиќ, и преку неа сакал да се кандидира за околиски пратеник во Крушево. Но, при една политичка конференција во Белград, Боздов бил уапсен од режимските власти и бил заторен во логорот Главињача во Белград. Во логорот бил задржан два месеца. Во 1940 година бил интерниран во логорот во село Меѓуречје, Ивањица, каде го дочекал и почетокот на Априлската војна 1941 година.[2]
Учество во НОБ и АСНОМ
уредиЗа време на окупацијата на Македонија, Стерјо Боздов активно уествувал со медицинска логистика за потребите на партизанските единици кои дејствувале во Крушевско. Во 1944 година бил повикан во с. Горно Врановци, Велешко, на слободна територија, каде што од страна на ГШ на НОВ и ПОМ му била доверена должноста „Повереник за народно здравје“. Набргу потоа бил избран за член на илегалниот Народноослободителен одбор, а на 2 август 1944 година бил член на АСНОМ, каде од страна на Президиумот му била доделена должноста „Повереник за народно здравје“.
Бил член на Президиумот на Второто заседание на АСНОМ, член на Президиумот на Третото заседание на АСНОМ, а потоа вршел одговорни должности во тогашното Министерство за народно здравје на Народна Република Македонија, и истовремено бил претседател на Комисијата за формирање на Медицински факултет во Скопје.
По ослободувањето
уредиНа првата седница на Советот одржана во март 1946 година, Стерјо Боздов бил избран за прв в.д. декан на Медицинскиот факултет,[3] а подоцна на 22 септември 1947 година и за прв декан на факултетот. Стерјо Боздов бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје сè до 1951 година. Во меѓувреме, бил редовен професор по предметот Хигиена и бил директор на Хигиенско-епидемиолошкиот институт при МД во Скопје. Во 1950 година бил избран за проректор на Универзитетот во Скопје. Со медицинската дејност се занимавал во Медицинскиот центар во Куманово, каде останал до пензионирањето, во 1978 година.
Одликувања
уредиСтерјо Боздов бил добитник на највисоки републички и сојузни признанија, меѓу кои:
- Орден на братството и единството од Прв ред
- Орден заслуги за народ со златна ѕвезда
- Орден на Републиката со златен венец
Литература
уреди- Проф. д-р Марјан Димитријевски: „Д-р Стерјо Боздов прв декан на медицинскиот факултет“, Скопје, 2017, издание на Медицински факултет Скопје
Наводи
уреди- ↑ д-р Марјан Димитријевски: „Д-р Стерјо Боздов прв декан на медицинскиот факултет“, Скопје, 2017,, стр. 28-29
- ↑ д-р Марјан Димитријевски: „Д-р Стерјо Боздов прв декан на медицинскиот факултет“, Скопје, 2017,, стр. 34-37
- ↑ д-р Марјан Димитријевски: „Д-р Стерјо Боздов прв декан на медицинскиот факултет“, Скопје, 2017,, стр. 72