Лом
Лом (бугарски: Лом) е град во северозападниот дел на Бугарија и е административен центар на општината Лом. Се наоѓа во Монтанската област и е втор наjголем во областа. Сместен е крај бреговите на реката Дунав и реката Лом. На 162 km на југ од градот се наоѓа Софија, на 56 km северозападно е Видин, а на 49 km јужно е Монтана.
Лом Лом | ||
---|---|---|
град | ||
Местоположба на Лом во Бугарија | ||
Координати: 43°49′0″N 23°14′0″E / 43.81667° СГШ; 23.23333° ИГД | ||
Земја | Бугарија | |
Област | Монтана | |
Општина | Лом | |
Управа | ||
• Градоначалник | Георги Георгиев (ГЕРБ) | |
Површина | ||
• Вкупна | 52,2 км2 (20,2 ми2) | |
Надм. вис. | 20 м | |
Население (2022) | ||
• Вкупно | 21 922 | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
Повик. бр. | +359 0971 |
Лом е значаен дунавски град-пристаниште. Неговиот развиток како големо речно пристаниште, второ во Бугарија по Русе, е поради близината со главниот град Софија.
Лом е наследник на тракискиот град Артанес. Како дел од римската провинција Горна Мизија од 29 г.п.н.е е наречен Алмус и оттаму потекнува името на денешниот град и река Лом. Со името Лом Паланка се споменува во 1704 г. Со појавувањето на бродовите по Дунав од 1830 г. се зголемува и значењето на градот. Развиени се и транспортните врски кон Виена, Австрија. Тоа има и големо влијание над градската архитектура.
Мегу културните и природни знаменитости на Лом се историскиот музеj, античката тврдина Алмус, останките од Аспаруховиот ров, Борунската црква, споменикот на Цеко Воjвода и други.
Оваа статија место во Бугарија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |