Атанас Топаловски
Атанас Илија Топаловски ( 1922 во Дебар — 1944 во Тетово) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиЗавршил основно образование во Дебар, а потоа со семејството се преселил во Скопје. Најпрво учел во Трговска академија во Битола, а потоа во Скопје. Уште како ученик, активно учествувал во сите акции на средношколската младина против окупаторот. Неговата активност бил откриена ѝ поради тоа бил затворен од окупаторската бугарска фашистичка полиција. Во затворот бил доста мачен. Во август 1944 година, стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил поставен за политички комесар на првата чета, во првиот баталјон. Бил учесник и во уличните борби за ослободување на Скопје. Потоа учествувал во борбите против балистите во близина на Сарај. Храбро загинал во акцијата за разоружување на балистичките банди во Тетово, кога била извршена блокада на градот. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани на скопските партизански гробишта.[1]