Лиман Каба
Лиман Каба (Дебар, 1924 - Банова Јаруга, Славонија, 17 април 1945) бил учесник во НОВ, народен херој на Југославија.[1]
Лиман Каба | ||
Роден | 1924 Дебар | |
---|---|---|
Починал | 17 април 1945 Банова Јаруга |
Животопис
уредиЛиман Каба е роден во Дебар, во многудетно сиромашно семејство.[2] Откако завршил основно училиште во Дебар, по Априлската војна (1941) учел во гимназијата во Приштина, каде што дејствувал и на организирањето на антифашистичката младина, поради што двапати бил апсен (во 1942 година).
Учество во НОБ
уредиИзбегал од Приштинскиот затвор и се вратил во Дебар, дејствувајќи како организатор на народноослободителното движење. Неговата куќа била центар за илегалните партиски состаноци на активистите на КПЈ и во нивната куќа Кузман Јосифовски - Питу го формирал Месниот комитет на КПЈ во Дебар.
Од економски причини, во февруари 1943 отишол во Тирана. Во мај истата година станал борец на албанскиот партизански одред „Дајти“. Извесно време со партизанската единица престојувал во Дебарско и на теренот на Пешкопеја.
По капитулацијата на Италија (на 8 септември 1943) пристигнал во слободниот Дебар и бил назначен за заменик политички комесар на чета при Командата на градот, а потоа при формирањето стапил во Четвртата македонска (албанска) бригада (26 август 1944). Подоцна истата година бил примен за член на КПЈ. Како заменик политички комесар на баталјон на Петнаесеттиот (македонски) корпус на НОВЈ загинал во борба со четнички сили на Сремскиот фронт во западна Славонија.
На 8 октомври 1953 година е прогласен за народен херој на Југославија.[3]
Литература
уреди- Садо Хаме, „Лиман Каба“, Скопје, 1978 (на албански)