Штерјо Михајлов, наречен Штерјо Влаха или Спиро, бил офицер во Бугарија, учесник во македонското револуционерно движење. Учесник во Разловечкото востание и војвода во Кресненското востание.

Штерјо Михајлов
Роден 1856
Дебар, денес Република Македонија
Починал 27 декември 1911
Рила, Бугарија

Биографиja

уреди

Михаjлов е роден во 1856 година во град Дебар, тогаш во Отоманското Царство. Тој е едeн од организаторите на Разловечкото востание во текот на 1876 година. Доброволец е во Српско-турската војна. Во 1877 година влегол како доброволец во Бугарското ополчение и се бори во Руско-турската војна во 4-та чета на 4-та дружина. За храброста е унапреден во унтерофицер и бил награден со орденот Свети Георги.

После Берлинскиот конгрес, во Кресненското востание Михајлов бил војвода на зборната чета во село Долно Драглиште. Во 1885 година е доброволец во Српско-бугарската војна, во којашто добива орден За храброст. После војната се вселува во село Рила и ги помагал четите на Македонската револуционерна организација. Умира во Рила, во 1911 година [1].

Извори

уреди
  1. Енциклопедия Пирински край. Том 1, Благоевград, 1995, стр.546.