Неџми Мехмети (албански: Nexhmi Mehmeti, Дебар, 1945 - Скопје, 4 јули 2005) бил македонски писател и новинар, еден од доајените на новинарството на албански јазик во Македонија[1].

Животопис

уреди

Роден е како Неџми Абдулаи[2] во Дебар во 1945 година. Основно и средно образование завршил во Дебар. Кратко време работел како учител, а потоа 30 години како новинар во Радио Дебар, каде од 2002 бил и директор на истото. Бил дописник на македонските весници на албански јазик „Флака“ и на „Рилиндја“ од Приштина. Пишувал поезија за возрасни. Добитник е на значајни награди на фестивалот на „Денови на Македонското радио“. Има објавено повеќе збирки-поезија. Тој е еден од основачите на дебарскиот литературен клуб каде бил и негов потпретседател. Учествувал е на повеќе поетски манифестации, меѓу кои и на Струшките вечери на поезијата. Починал во Скопје на 4 јули 2005 година[2].

Библиографија

уреди
  • „Да ти кажам еден збор“.

Наводи

уреди
  1. Македонска енциклопедија. 2 (прво. изд.). Скопје: МАНУ. стр. 943. ISBN 978-608-203-024-2 Проверете ја вредноста |isbn=: checksum (help).
  2. 2,0 2,1 „Последен збор . . . Неџми Абдулаи 1945- 2005, новинар“. Утрински Весник. Посетено на 2009-12-14.[мртва врска]