Апостолски егзархат во Македонија
Апостолскиот егзархат во Македонија, исто така познат и под имињата Католичка црква од источен или византиски обред или Унијатска црква, е византиска sui iuris црква во рамките на унијата на римокатоличката и источните (православни) цркви, која го користи македонскиот јазик во литургијата.
ИсторијаУреди
Црквата била основана во 1918 година кога било создадено Кралството Југославија,[се бара извор] и кога помал број од Македонците се преобратиле во католицизмот во познатата Кукушка Унија. Егзархатот бил укинат во 1924 година. Во 2001 година откако Југославија била растурена, Светата Столица повторно го воспоставила Апостолскиот Егзархат во Македонија. Иако бројот на верници од латинскиот обред на римокатоличката црква е сѐ уште мал - повеќето се Албанци и припадници на другите народи од поранешните југословенски републики, Светата Столица ги поставувала римокатоличките бискупи на Скопје како поглавари на Апостолскиот Егзархат на Македонија. Денес, македонската грко-католичка црква има околу 11.000 верници.
БискупиУреди
- Лазар Младенов (1884 - 1894 )[1]
- Епифаниј Шанов (1895-1924)[1]
- Празен престол (1924-2001)
- Јоаким Хербут (2001-2005)
- Киро Стојанов (2005-)
ПоврзаноУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Apostolic Exarchate of Macedonia (Macedonian)“ (англиски). Посетено на 2011-10-03.