Дебарско Езеро
Дебарско Езеро (познато и како Езеро Шпиље) — вештачко езеро во западниот дел од Македонија, јужно од градот Дебар на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим кај месноста Шпилски Мост. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.[1]
Дебарско Езеро Шпиље | |
---|---|
Воздушен поглед на Дебарското Езеро | |
Координати | |
Вид | вештачко |
Главни приливи | Црн Дрим и Радика |
Главни истеци | Црн Дрим |
Сливни земји | Македонија |
Најг. должина | 22 км км |
Најг. ширина | м км |
Површина | 13,2 км2 км2 |
Најг. длабочина | 94 м м |
Зафатнина | 520.000.000 м3 км3 |
Надм. височина | 580 м м |
Населени места | Дебар |
Се наоѓа во близина на македонско-албанската граница. Има површина од 13,2 км2, 92 метри длабочина и надморска височина од 580 метри. Се користи како акумулација за ХЕЦ Шпилје.[2]
Местоположба
уредиЕзерото се наоѓа во самата Дебарска Котлина, на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим, кај месноста Шпилски Мост, на околу 5 километри од градот Дебар, сместено на височина од 580 метри.[3]
Историја
уредиЕзерото е создадено со подигање на брана во висина од 101 м, која била градена во периодот од 1966 до 1968 година. Полнењето на акумулацијата завршило во 1969 година.[3]
Опис
уредиБрана
уредиБраната е каменонасипна со вкупна височина од 101 метар.[1]
Езеро
уредиЕзерото е долго 22 километри со најголема длабочина од 94 метри, зафаќајќи површина од 1320 хектари. Водите во езерото доаѓаат од реките Црн Дрим и Радика, како и од водите на речните текови што се создаваат на југозападната страна на планината Стогово и североисточната страна на планината Јабланица. Дотокот од страна на реката Црн Дрим е прилично рамномерно во текот на целата година поради постоењето на Охридското Езеро и езерото Глобочица, кои служат како регулатори, додека од Радика е мошне променливо и зависи од природните фактори во сливот.[3]
Дебарското Езеро е најбогатото езеро со вода од сите вештачки езера во Македонија. Вкупниот волумен на акумулацијата е 520 милиони м3, а корисниот волумен изнесува 223 милиони м3 вода.[3]
Температурата на езерската вода изнесува околу 14,4°С, минималната се спушта на 3,0°С, а максималната до 23,9°С. Прозирноста на водата се движи од 4,4 метри во средишниот дел, до 2,5 м во крајбрежјето.[3]
Употреба
уредиАкумулацијата Шпиље била изградена најмногу за да се користи за производство на електрична енергија, како и за наводнување на околу 1980 хектари обработливи земјоделски површини во Дебарското Поле.[1]
Острови
уредиНедалеку од источниот брег на езерото се наоѓа Дебарскиот Остров, сместен околу 1 км северозападно од селото Праленик.[4]
Сепак, според најновите фотографии од 2022 година, островот е всушност полуостров.
Галерија
уреди-
Северниот дел на езерото
-
Средишниот дел на езерото
-
Заезерувањето на Радика во езерото
-
Езерото со Мелничкиот мост
-
Езерото со градот Дебар
-
Залив
-
Поглед на езерото
-
Езерото со дел од селото Рајчица
-
Поглед на езерото
-
Мал полуостров
-
Поглед на езерото со браната Шпиље
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Група автори (2016). „Езера во Македонија“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 28. ISBN 978-9989-110-90-0.
- ↑ Никодиновски, Борис (2000). Основи на воената географија на Република Македонија - Едиција учебници. Скопје: Нико Компјутери.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 RIBAR.com.mk. „Дебарско езеро“. www.ribar.com.mk. Посетено на 2023-02-12.
- ↑ Местоположба на Дебарскиот Остров - ВикиМапија
Надворешни врски
уреди- Дебарско Езеро на Ризницата ?