Георги Граматик (Вапа, Дебарско, втора половина на XI век - ?, почеток на XII век) - македонски средновековен свештеник, граматик и минијатурист.[1]

Георги Граматик
Роден Втора половина на XI век
Вапа, Дебарско
Починал Почеток на XII век
Занимање свештеник, граматик и минијатурист
Битолскиот триод

Животопис

уреди

Георги Граматик е роден во втората половина на XI век најверојатно во дебарското село Вапа (денес Центар Жупа).[2] Живеел и творел во манастирот „Св. Врачи Козма и Дамјан“ во Кичевско. Автор е на богато украсениот кирилски ракопис „Битолски триод“,[3] со цели редови од глаголско писмо, поради што се претпоставува дека користел глаголска предлошка. Пишуван е со македонска јазична редакција, а значаен е и од музиколошки аспект. Ракописот е пронајден во Битолско во 1898 година, а потоа однесен во Софија во 1907 година и се наоѓа во архивот на БАН. Не е зачуван во целина.[4] Починал во втората половина на XI век.

Наводи

уреди
  1. Ѓорѓи Поп-Атранасов – Илија Велев – Маја Јакимовска-Тошиќ, Творци на македонската книжевност IX–XVIII век, Скопје, 2004, 41-45.
  2. Видоески, Божо (1988). Јазичните појави во Битола и Битолско денеска и во минатото: реферати од научниот собир одржан од 7 до 9 септември 1984 г. во Битола. Македонска академија на науките и уметностите.
  3. Ѓорѓи Поп-Атанасов, Каде и кога е пишуван Битолскиот триод и кој е неговиот пишувач, „Литературен збор“, кн. 4, Скопје, 1985, 21-28;
  4. Вера Стојчевска-Антиќ, Прилог кон словенските ракописни триоди од Битола и Битолско, Зборник во чест на Блаже Конески по повод шеесетгодишнината, Скопје, 1984, 437-446;