Стојче Митревски
Стојче Митревски (? во Дебар — 1946 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Поради материјални причини, не го продолжил натамошното образование. Се доселил во Скопје. Стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Бил борец во составот на првата чета од четвртиот баталјон. Се истакнал како мошне дисциплиниран и примерен борец. Бил учесник во сите нејзини борби, а посебно во борбите на падините на Водно и Треска. Учествувал во низа други акции организирани против Германците на железничката линија Скопје - Велес. Посебно се имал истакнато во уличните борби за ослободување на Скопје. Исто така учествувал и во дефинитивното ликвидирање на балистичките банди на Косово . Како последица на тешките денови поминати во борбата, тешко се разболел и во почетокот на 1946 година им подлегнал на последиците од подмолната болест.[1]