Водолија (хороскопски знак)
Хороскопскиот знак Водолија (латински: Aquarius, грчки: Υδροχόος) го носат оние коишто се родени помеѓу 20 јануари и 18 февруари. Со овој знак владее планетата Уран. Симболот ги претставува брановите.
На пат низ зодијакот
уредиНа единаесеттото ниво, човекот знае дека сите луѓе се богови и исти под сонцето. Важна е потрагата по универзалната вистина. Комбинацијата на позитивен фиксен воздух, носи моќ за концентрација на мислите, а оригиналноста ја додава владетелот Уран.
Мотивација
уредиВодолијата е често пред своето време, и несфатен од многумина. Неговиот природен инстинкт е да застане со масите против владетелите, но со интелект и зборови, а не со примена на сила. Водолијата се бори за своите принципи, и секогаш е верен на себеси.
Во работа и интереси
уредиВодолиите не се амбициозни, и најчесто го прифаќаат она што им се нуди. Сепак, не сакаат да бидат врзани или затворени во канцеларија. Водолиите ги има секаде: од зоолошка градина, преку новинарство и пишување, до професии поврзани со летање. Доколку работата не им ги задоволува природните тежнеења, тогаш тоа ќе биде нивното хоби, на кое ќе се посветат целосно. Фотографијата е секако дел од нивните интереси.
Во односи
уредиВодолиите се популарни меѓу своите пријатели. Тие се спокојни во контактите со другите и лесно шират познанства. Во брак не брзаат, но откако еднаш ќе го најдат вистинскиот партнер, стануваат толерантни и посветени. Им треба партнер кој ќе ги стимулира, со кого ќе бидат мисловно блиски, и кој нема да биде против да се оставаат прозорците отворени.
Домашен живот
уредиКога ќе стигнете во домот на Водолиите, внатре може сè да изгледа изветвено и небојадисано, но вие нема да го забележите тоа, затоа што пријателот Водолија ќе ве замуабети уште од врата. Разговорите за природата, за птиците, животните и облаците ќе ве восхитат, а не е чудно ручекот да го јадете како да сте на пикник. Родителите Водолии ги охрабруваат своите деца да бидат независни, и да ги следат сопствените таленти.
Зборови кои ги опишуваат Водолиите
уредиВажи и за двата пола: независни, објективни, интелектуални, хумани, идеалистични, инвентивни, оригинални, чесни.
Понекогаш: повлечени, груби, мрзоволни, ексцентрични,тврдоглави, нетактични.
Користена литература
уреди- Марион Марч и Џоан Мекеверс: „Астрологија: основни начела“, Дечје новине, Горњи Милановац, 1994.
- Линда Гудман: „Сончеви знаци“, Белград, 1987.
- Миле Дупор: „Не верувајте, проверете“, Белград.