Википедија:Родов јаз 2020
од 30 септември до 7 октомври 2020 година Уредувачка седмица „Родов јаз 2020“ (целосен назив: Седмица на родов јаз 2020; Gender Gap 2020) — иницијатива на шведската амбасада во Скопје, здружението на граѓани „Споделено знаење“ и Википедија на македонски јазик, која има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии на тема „Родов јаз“ со особено внимание на пишување статии за познати и влијателни шведски и македонски жени. Иницијативата била поддржана од Националниот младински совет и МладиХаб. Седмицата започнува на 30 септември 2020 г. во 21:00 ч. (веднаш по завршувањето на виртуелното издание на WikiGap Skopje 2020) и завршува на 7 октомври 2020 г. во 21:00 ч. по македонско време. Доколку сте заинтересирани за учество, пријавете се подолу (со напатствија). Сите статии треба да бидат напишани во склад со начелата и правилата на Википедија, па така сите статии треба да бидат напишани на енциклопедиски стил и да имаат извори. При уредување на натпреварот или по завршувањето на истиот, сите учесници треба да се запишат со кои статии учествувале. Покрај пишувањето на нови статии, учесниците имаат прилика и значајно да дополнат постоечка статија (никулец). Во натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници на Википедија на македонски јазик, а за најдобрите учесници се обезбедени награди. ЗаднинауредиВикипедија е најголемата и најкористена светска онлајн енциклопедија, чија содржина се создава од бројни доброволци. Од нејзиното создавање во 2001 година има околу 47 милиони статии на 299 јазици, а македонското јазично издание има над 107.000 статии и целта е да го собере целото човеково знаење на македонски јазик; знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно до секого. Но, како и во други делови на општеството, постои родова нееднаквост на самата Википедија во однос на застапеност на статии за жени и за прашања поврзани со женските права или родовата еднаквост. Глобална статистика е дека има 4 пати повеќе статии за мажи отколку за жени и 90% од содржината е создавана од мажи. Иако овие бројки имаат регионални варијации, јасен е фактот дека информациите поврзани со жените се многу помалку застапени од тие за мажите. Затоа, шведската амбасада со поддршка на Споделено знаење (Википедија на македонски јазик), ќе организира WikiGap уредувачки маратон и уредувачка седмица за зголемување на бројот на текстови за влијателни жени. Што е WikiGap?уредиWikiGap е всушност глобална шведска иницијатива со идеја за премостување на овие разлики и родови нееднаквости кои опстојуваат во онлајн светот, која до сега генерираше околу 13.000 нови или проширени биографии на жени на Википедија. Повеќе од 1.600 учесници во педесетина земји до сега беа вклучени во пишување статии за жени на повеќе од 30 јазици. МетодиуредиЗа време на уредувачката седмица, учесниците се очекувало да:
Упатство за учествоуредиОсновни податоциуреди
Пријавауреди
ОрганизаториуредиКоординатор на локалната иницијатива бил Ehrlich91. Локалната иницијатива била организирана и поддржана од страна на подружната викимедиина организација Споделено знаење, шведската амбасада, Националниот младински совет (НМС) и МладиХаб. Друштвени медиумиуредиСподелувањето на уредувачката седмица на друштвените медиуми било препорачано да се врши првенствено со тарабната ознака #WikiGap. НаградиуредиНагради ќе им бидат доделени на тројцата најплодоносни учесници, и тоа:
Важно: За да се освои било која награда, потребно било да се создадат или подобрат најмалку 15 статии! Содржина за уредување статииуредиВо овој дел е направен преглед на корисни материјали за уредување, наведен е список со потребни статии, а прикажана е и табела за евиденција на придонесите. Додавањето нови содржини може да се врши преку превод на содржини од другите јазични изданија на Википедија, но особено се охрабрува дополнување со информации од други расположливи материјали. Препорака за новите и помалку искусни корисници е да ја користат алатката за превод на статии на Википедија (видео-упатство од десната страна). Материјали за уредувањеуреди
Се охрабруваат корисници и да користат и свои печатени и електронски изданија, а притоа е потребно изворите да бидат наведени. Список на учеснициуреди
За да се запишете во списокот по двете точки запишете го вашето корисничко име, како и после големата црта. (пример: Корисник:Ehrlich91|Ehrlich91). За да ги запишувате вашите статии во списокот служете во секоја заграда запишувајте ја статијата која сте ја уредиле и означувајте дали се работи за нова или подобрена статија (пример: Ана Линд (Н)). Резултатиуреди
1 Збирниот резултат претставува вкупен број додадени бајти во уредените статии, кој е пресметан на контролната табла на иницијативата на којашто биле пријавени сите учесници. |