Петра Меде
Петра Марија Меде (родена на 7 март 1970 година) е шведска комичарка, танчерка, глумица и телевизиска водителка.[1] Родена е во Стокхолм, а пораснала во Гетеборг. Меде е позната по неколку улоги во комични емисии и како телевизиски водител. Таа е позната надвор од Шведска како домаќин на Евровизија во 2013 година и кодомаќин во 2016 година .
Петра Меде | ||
Родена | 7 март 1970 Стокхолм, Шведска | |
---|---|---|
Националност | швеѓанка | |
Позната | водителка на Мелодифестивален во 2009 и 2016, и на Евровизија во 2013 и 2016 | |
Занимање | телевизиски презентер, комичар | |
Деца | 1 | |
Мрежно место | petramede.se |
Кариера
уредиВо 2009 година, таа била домаќин на „Мелодифестивален 2009“, каде што била одбрана песната на Шведска за Евросонг 2009 [2] и била избрана за најдобра женска комичарка во Шведска истата година.
Во мај 2013 година, Петра била домаќин на Евровизија 2013 во Малме, Шведска по победата на Лорин во Баку претходната година. Нејзиниот настап бил широко признат од ТВ критичарите и новинарите низ Европа и таа настапила во интервалот за време на големото финале.[3][4] Таа била прва самостојна водителка по скоро 20 години откако Мери Кенеди била домаќин во Даблин уште во 1995 година. Сепак, во 1995 година, натпреварот се состоел од само едно шоу, додека во 2013 се одржале три претстави (две полуфиналиња и финале), и сите биле предводени од Меде.
Во 2015 година, Меде, заедно со Грем Нортон, биле домаќини на концертот Најголемите хитови на Евровизија EBU/BBC по повод 60-годишнината снимен на 31 март во Евентим Аполо, во Хамерсмит, Лондон и емитуван во 27 земји.[5]
Во 2016 година, Меде била ко-домаќин на првото полуфинале на шведскиот Мелодифестивален 2016 со Гина Дирави на Скандинавиум во Гетеборг.[6]
На 14 декември 2015 година, СВТ на прес-конференција објавиле дека Меде и Монс Зелмерлав ќе бидат ко-домаќини на Евровизија 2016.[7] Тоа било вторпат Меде да биде домаќин на натпреварот, придружувајќи им се на Кети Бојл и Жаклин Жуберт како единствени луѓе кои биле домаќини на натпреварот повеќе од еднаш.
Личен живот
уредиМеде е полиглот, зборувајќи шведски, англиски, шпански, италијански и француски.[8] Заедно со нејзиниот поранешен партнер Матијас Гинтер, таа има една ќерка родена во 2012 година.[9] Во 2015 година, било потврдено дека таа и Гинтер се разделиле.
Филмографија
уредиТелевизија
уредиФилм
уреди- Medicinen (2014)
Наводи
уреди- ↑ „Hon blir ny programledare | Melodifestivalen | Nöjesbladet | Aftonbladet“. Aftonbladet.se. 2008-12-18. Посетено на 2012-08-08.
- ↑ „Petra Mede fick ledas av scenen | Melodifestivalen | Nöjesbladet | Aftonbladet“. Aftonbladet.se. Посетено на 2012-08-08.
- ↑ „Petra Mede leder schlager-EM | Kultur | SvD“ (шведски). Svd.se. 2013-01-28. Посетено на 2013-09-22.
- ↑ Sim, Jarmo. „Petra Mede to host Eurovision Song Contest 2013“. EBU. Архивирано од изворникот на 1 February 2013. Посетено на 28 January 2013.
- ↑ Martinsson, Anders. „Petra Mede aktuell för Eurovision-jubileum“ [Petra Mede current Eurovision anniversary]. Göteborgs Posten. Архивирано од изворникот на 2016-03-22. Посетено на 24 October 2014.
- ↑ Escudero, Victor (30 November 2015). „Sweden: Who will compete in Melodifestivalen 2016?“. Eurovision.tv. Посетено на 3 December 2015.
- ↑ „Petra Mede and Måns Zelmerlöw to host in Stockholm!“. Eurovision.tv. Посетено на 2015-12-14.
- ↑ „Petra Mede leder schlager-EM | Kultur | SvD“ (шведски). Svd.se. 2013-01-28. Посетено на 2013-09-22.
- ↑ „"Petra Mede leder schlager-EM", Göteborgs Posten“. Архивирано од изворникот на 2013-05-20. Посетено на 2015-12-10.
Надворешни врски
уреди