Наташа Петровиќ (српски: Наташа Петровић; родена на 31 август 1988 во Штип) — македонска глумица од српска народност.[1] Дебитирала на ТВ-екраните во 2007 година, во македонскиот филм „Сенки на Милчо Манчевски, и постигнала светски успех во 2010 со филмот „Како да не сум таму“ од Хуанита Вилсон, кој е избран за ирски кандидат за најдобар странски филм на 84. Оскари.

Наташа Петровиќ
Роден(а)Наташа Петровиќ
31 август 1988(1988-08-31)(36 г.)
Штип, СР Македонија, СФРЈ
НационалностМакедонка
НародностСрбинка
Алма матерУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“
Занимањеглумица
Активен период2007–до сега

Кариера

уреди

Петровиќ дебитирала на екраните со мала улога во „Сенки“, македонски филм од 2007 година во режија на Милчо Манчевски. Во 2009 година, таа ја добила главната улога во ирскиот филм Како да не сум таму, во режија на Хуанита Вилсон, чија премиера била во 2010 година. Иако најголемиот дел од филмот бил снимен на српско-хрватски јазик, тој бил избран за ирски кандидат за најдобар странски филм на 84. Оскари.[2] Како да не сум таму собрал позитивни критики, додека личниот перформанс на Петровиќ и донел награда за најдобар глумица на Меѓународниот филмски фестивал во Сиетл,[3] како и номинации за најдобра интернационална глумица на Ирски Филмски и Телевизиски Награди[4] и најдобро глумечко остварување за жени на Милански интернационален филмски фестивал[5].

На 61-от Меѓународен филмски фестивал во Берлин, Петровиќ била една од десетте европски глумци - вклучително и Андреа Рисеборо, Клара Лаго, Александар Фелинг и Домнал Глисон - на кои им била доделена наградата „Ѕвезди што паѓаат“ од Европска филмска промоција.[6] Американското списание „ Вариети“ исто така ја прогласило за една од најперспективните глумици денес.[7] Во 2011 година, Петровиќ дебитирала на сцената како Селимен во „Мизантроп“ од Молиер.[8] Истата година, таа ја играла Еликија во „Звукот на пукачки коски“ од Сузана Лебо.[9]

Личен живот

уреди

Петровиќ течно зборува македонски, српски, англиски, босански, германски, бугарски, италијански и шпански.[10] Таа студирала драма на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од 2007 година, а било очекувано да дипломира во 2011 година.[11] Петровиќ е споредувана со тројната добитничка на Оскар, Ингрид Бергман, за нејзината убавина и талент.[12]

Филмографија

уреди
Година Наслов Улога
2007 Сенки Деа
2010 Како да не сум таму Самира
2013 Соба со пијано Слугинка
Во отсуство Ева Серафимова
2014 До балчак Марија
2015 Еликсир Лексиа
Лазар Катерина
Скора Појас
2017 Secrets from the Past Хана
2017 Ќе дојдат децата Велика
2018 Сведокот Инес Радин
2018 Der Pass Милица
2019 Пепел Надиа
2020 Хомо Кети
2020-2024 Преспав Натали
2022 Снежана на крајот умира Маја

Театрографија

уреди
Наслов Година Улога Производство
Оркестар Б.Б. 2010 Театарот Театра Скопје
Брод за кукли 2010 Независниот театар Вондерленд
Пруга за ледната пролет 2010 Еврејска заедница на Македонија
Мизантропот 2011 Селимен Театарот Театра Скопје
Звукот на напукнување на коските 2011 Еликија Театарот Театра Скопје
Животот е сон 2012 Македонски народен театар Скопје
Оливер Твист 2013 Театар за деца и младинци Скопје
Бескрајни соништа 2014 Театар за деца и младинци Скопје
Нашиот клас 2014 Театар за деца и младинци Скопје
Могли 2014 Театар за деца и младинци Скопје
Пат околу светот 2014 Театар за деца и младинци Скопје
Животинска фарма 2015 Театар за деца и младинци Скопје
Заспаниот разум раѓа чудовишта или Денес не напишав ни збор 2015 Театар за деца и младинци Скопје
Петар Пан 2016 Театар за деца и младинци Скопје
Пепелашка 2016 Театар за деца и младинци Скопје
Да го поздравиш и да ми го бациш 2017 Артопија Скопје
Терезин 2017 Алекси The Steinberg Theater Group
Еднаш свет изградив 2018 Театар за деца и младинци Скопје
Сонот на Вилијам 2018 Театар за деца и младинци Скопје
THE SEE(I)T 2018 Артопија Скопје
Ужегнатост 2018 Артопија Скопје
Том Соер 2019 Театар за деца и младинци Скопје
Едвард Раце Ножици 2019 Театар за деца и младинци Скопје
Касета 2019 Театар за деца и младинци Скопје
Кожурец 2020 Артопија Скопје
Глумици 2021 Артопија Скопје
Франкештајн 2023 Театар за деца и младинци Скопје
Хајди 2024 Театар за деца и младинци Скопје

Награди и номинации

уреди
Награда Година Категорија Номинирана за Резултат
Награди "Ѕвезди што паѓаат" 2011 Ѕвезда што паѓа - Победничка
Ирски филмски и телевизиски награди 2011 Најдобра меѓународна глумица Како да не сум овде Номинирана
Награди за меѓународен филмски фестивал во Милано 2011 Најдобра глумечка изведба - Жени Како да не сум овде Номинирана
Награди за меѓународен филмски фестивал во Сиетл 2011 Најдобра глумица Како да не сум овде Победничка
Награди за Мостар филм фестивал 2016 Најдобра споредна улога Лазар Победничка
Награди за Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп 2018 Најдобра женска епизодна улога Еднаш свет изградив Победничка

Наводи

уреди
  1. Наташа Петровић у филму "Као да ме нема". The Cultural–Information Center of Serbs in Macedonia. 24 October 2011. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 12 November 2011.
  2. Melidonian, Teni (13 October 2011). „63 Countries Vie for 2011 Foreign Language Film Oscar“. Academy of Motion Picture Arts and Sciences. Посетено на 12 November 2011.
  3. „2011 Award Winners“. Seattle International Film Festival. 12 June 2011. Архивирано од изворникот на 8 November 2011. Посетено на 12 November 2011.
  4. „Winners of the 8th annual Irish Film and Television Awards“. Irish Film and Television Awards. Посетено на 12 November 2011.
  5. „Natasha Petrovic“. Milan International Film Festival. Посетено на 12 November 2011.
  6. Nass, Markus (14 February 2011). „Shooting Stars 2011 honoured“. European Film Promotion Shooting Stars. Архивирано од изворникот на 2011-08-20. Посетено на 12 November 2011.
  7. Lazarevska, Suzana (16 February 2011). „Наташа Петровиќ – глумица со иднина според "Варајати". Mnogoo Entertainment. Архивирано од изворникот на 2011-02-19. Посетено на 12 November 2011.
  8. „Natasha Petrovic, Célimène vo "Mizantrop". YouTube. 30 March 2011. Посетено на 12 November 2011.
  9. „Natasha Petrovic, Elikia vo "Zvukot na koskite shto se krshat". YouTube. 3 October 2011. Посетено на 12 November 2011.
  10. „Natasha Petrovic, Republic of North Macedonia“. European Film Promotion Shooting Stars. Архивирано од изворникот на 2017-11-05. Посетено на 12 November 2011.
  11. Zafirova, Marija. „Biography for Natasa Petrovic“. Internet Movie Database. Посетено на 12 November 2011.
  12. „Штипјанката Наташа Петровиќ меѓу десетте најуспешни млади глумци на Европа“. Општина Штип. 15 February 2011. Архивирано од изворникот на 2 April 2012. Посетено на 12 November 2011.

Надворешни врски

уреди