Бахар Парс
Бахар Парс (персиски: بهار پارس) (родена на 28 март 1979 година) — иранско-шведска глумица и режисерка.
Бахар Парс | |
---|---|
Парс во 2018 година. | |
Роден(а) | 28 март 1979 Шираз, Иран |
Занимање | Глумица, Режисер |
Активен период | 2006– |
Детство
уредиБахар е родена во Шираз, Иран, а во Трелеборг, Шведска дошла во 1989 година со своето семејство по војната во Иран и Ирак.[1] Помеѓу 2003 и 2007 година студирала да стане глумица во „Teaterhögskolan“ во Стокхолм (во денешно време Стокхолмска драматична хогскола).[2]
Кариера
уредиПарс имала неколку улоги во претстави и исто така неколку филмови. Дебитирала во филмот „När mörkret fallet“ во 2006 година.[3] Во 2008 година ја извела улогата на Нина во „Måsen“ на Фарназ Арбаби, во Бака театарот.[4] Во градскиот театар на Упсала, Парс ги играла насловните улоги во драмите Ана Каренина во 2010 година, сценската верзија на „Låt den rätta komma“ во 2011 година и „Хеда Габлер“ во 2013 година, последната во режија на Фарназ Арбаби.[5][6]
Во 2014 година, Парс глумела во претставата на Јонас Хасен Кемирис, „Jag ringer mina bröder“ во улогата на Валери, во режија на Фарназ Арбаби во Kulturhuset Stadsteatern.[7] Во ноември истата година таа ја извела монолошката претстава „På alla fyra“ во Киленшехен во Kulturhuset Stadsteatern.[8] Весникот Svenska Dagbladet дал поволна критика на перформансот на Парс и го опишал со „таа имаше тотална контрола врз нејзините начини на изразување“. Надвор од глумата, Парс исто така го режирала и била еден од творците на „Nyårsklockan“, во кој се појавуваат петнаесет женски културни личности.[9]
Во 2015 година, таа била наградена со Медеа наградата со зборовите „На свој личен начин, Бахар Парс ги проширува начините да игра класични женски улоги и да ги донесе во наше време“.[10] Таа ја имала главната улога како Берта во претставата „Marodörer“, напишана и режирана од Јенс Охлин во Драматен во 2015 година.[11]
Личен живот
уредиПарс се омажила со Линус Тунстром и имаат ќерка родена во 2011 година.
Телевизија
уреди- 2008 Повикајте
- 2008 Атентатот
- 2010 Жртвата на кралицата
- 2014 Четвртиот човек
- 2015 Арне Дал: Сон на летната ноќ
- 2016 Најдоброто семејство
- 2016 Вердгарден
Филмови
уреди- Кога паѓа темнината (2006)
- Пукнатина (2009)
- Комесар Винтер (2010)
- Одметници (2010)
- Настан во банка (2010)
- Човек наречен Ове (филм) (2015)
- Зона 261 (2016 )
Наводи
уреди- ↑ „Var tvungen att spela henne“. Aftonbladet (шведски). Посетено на 16 January 2016.
- ↑ „Bahar Pars, skådespelare, 2003“ (шведски). Stockholm University of the Arts. Посетено на 16 January 2016.
- ↑ „Bahar Pars får sitt genombrott med Rolf Lassgård i publikfilm "En man som heter Ove"“. Dagens Nyheter (шведски). Посетено на 16 January 2016.
- ↑ „Klar för sin roll“. Situation Stockholm (шведски). Посетено на 16 January 2016.
- ↑ „Teater - Hedda Gabler - Recension - Kultur“. Aftonbladet (шведски). Посетено на 16 January 2016.
- ↑ „"Låt den rätte komma in" på Uppsala Stadsteater, Ettan“. Dagens Nyheter (шведски). Посетено на 16 January 2016.
- ↑ „Jag ringer mina bröder“. Kulturhuset Stadsteatern (шведски). Архивирано од изворникот на 2015-05-06. Посетено на 16 January 2016.
- ↑ „Jag ville skapa en ny typ av kvinna. En kvinna som inte förhåller sig till männen“. Dagens Nyheter (шведски). Посетено на 16 January 2016.
- ↑ „Bakom kulisserna nyårsklockan i ny tappning av Bahar Pars och Dimen Abdulla“ (шведски). rodeo.net. Архивирано од изворникот на 2016-02-01. Посетено на 16 January 2016.
- ↑ utgivare=Medeapriset Medeapriset - Bahar Pars medeapriset.se. Retrieved 16 January 2016
- ↑ Anna Ångström (17 November 2015). „Marodörer gör upp med kulturmannen“. Svenska Dagbladet (шведски). Посетено на 16 January 2016.