Агнодика

древен гинеколог

Агнодика (старогрчки: Ἀγνοδίκη, Агнодики; IV век п.н.е.) ― легендарна фигура позната како прва жена бабица или лекар во античка Атина. Нејзината приказна ја раскажува римскиот автор Гај Јулиј Хигин во неговите „Фабули“. Агнодика се верува дека не е историска личност, но нејзината приказна честопати се користи како пример за жени кои практикуваат акушерство или медицина.

Агнодика
Агнодика облечена како машки лекар, насликана како ја крева својата туника за да го открие нејзиниот пол.
Роден(а)IV век п.н.е., Атина, Грција
НационалностГркинка
Занимањелекар

Според Хигин, Агнодика студирала медицина кај Херофил и работела како лекар во нејзиниот град Атина маскирана како маж, затоа што на жените во тоа време им било забрането да практикуваат медицина. Како што растела нејзината популарност кај женските пациенти, другите лекари ја обвиниле дека ги заведува жените во Атина. Таа била судена за овој наводен прекршок, на што таа одговорила со кревање на туниката и откривање на својот пол (гест познат на антички грчки како аназирмос). Таа била обвинета за незаконско практикување медицина како жена, но истовремено била одбранета од атинските жени кои ја препознале пофалиле нејзината стручност и нејзините ефикасни третмани. Таа била ослободена од обвинението, а законот против женските лекари во Атина бил укинат.

Животна приказна

уреди

Според записите на Хигин, Агнодика живеела во античка Атина, каде во тоа време на жените им било забрането да студираат медицина. Со цел да научи медицина, таа се маскирала во маж, носела кратка коса и била ученичка на Херофил во Александрија. Бидејќи се обучила како лекар, Агнодика главно ги третирала бремените жени, кои не сакале да се консултираат со мажи лекари. [1] Другите лекари, кои биле љубоморни на успехот на Агнодика, ја обвиниле дека ги заведува своите пациенти. На судење пред Ареопагот, Агнодика открила дека е жена со соблекување на својата облека. По ова таа била обвинета за кршење на законот со кој им се забранувало на жените да практикуваат медицина, но во нејзина одбрана застанале сопругите на важни Атињани кои ги лекувала. Како одговор на ова, законот бил изменет за да им се овозможи на жените да практикуваат медицина. [2]

Хигин ја опишува Агнодика како акушерка (obstetrix), поради нејзиното образование. Сепак, Хелен Кинг забележува дека во античкиот свет не постоел „формален систем за лиценцирање“ на медицински лица и дека е анахроносно да се прави посебна поделба помеѓу категории како „бабица“ и „акушерка“.[3]

Историчност

уреди

Современите научници генерално се сомневаат дека Агнодика била вистинска историска личност. Проблемите со прифаќањето на Агнодика како историска личност се поврзуваат со неможноста точно да се одреди времето на нејзино живеење и дејствување, како и неверојатното тврдење на Хигин дека немало „ акушерство “ во Атина пред Агнодика, кога литературните и епиграфските докази покажуваат дека постоеле познати акушерки. [2] [1] [4] Хигин тврди дека Агнодика учела медицина кај „ некој Херофил“ - генерално поистоветен со Херофил од Халкидон, антички лекар познат по својата работа на гинекологија, заслужен за откривањето на јајниците. [2] Ако ова се земе за точно, Агнодика живеела во четвртиот или почетокот на третиот век п.н.е. [5]

Приказни слични на оние од Агнодика може да се најдат во различни контексти, вклучително и други приказни за прикажување на женското тело во грчко-римската култура. Интерпретацијата на приказната варира во зависност од тоа дали ја гледаме од перспектива на античката медицинска пракса или како уметнички артефак надвор од литературниот канон.

Оние кои веруваат во историчноста на Агнодика, доаѓаат до два одделни заклучоци во кои се објаснува недостатокот на акушерки во Атина пред неа. Првата теорија е дека немало акушерки пред Агнодика; другата вели дека иако ималу акушерки пред Агнодика, со закон им било забрането да практикуваат медицина. [2] Оваа втора теорија ја развива Кејт Хурд-Мид, во 1938 година, која прва ја предлага тезата дека на жените да им било забрането да практикуваат медицина затоа што биле обвинети за вршење абортуси. [2] Ова толкување на приказната за Агнодика е без фактичка основа што ја повторија некои современи феминистички историчарки на жени во медицината, како што е Маргарет Алиќ.[6]

Иако неретка е практиката во минатите општества ваквиот тип на приказни да се читаат како вистинити, приказната за Агнодика често се смета за измислена. Прво, приказната честопати се изучува како важен додаток, на особено големата постоечка маса на слични приказни во медицинската историја, што портретираат луѓе кои се борат и страдаат поради социјална неусогласеност со цел да им помогнат на другите, особено кога станува збор за медицинските права. Исто така, низ призма на културниот контекст, чинот на откривање на телото како форма на бунт е вообичаена тема во ваквите неконформистички приказни на Средоземјето. Пронајдени се и ископани мали деликатни статуи на жени кои репрезентираат откривање на телото, но поради недостатокот информации тие не може дирекно да се поврзат со Агнодика. Веројатност за постоењето на Агнодика се доведува во прашање поради тоа што нејзиното име - „чиста пред правдата“, исто така, делува интенционално. Најпознатите од овие фигурини потекнуваат од Приене, но има и други кои се откриени на различни места во Средоземјето. Контроверзноста за тоа дали овие фигурини се поврзани со Агнодика продолжува меѓу научниците и оние кои се заинтересирани за античката акушерка.

Женски лекарки во Стара Грција

уреди

Според воведните зборови на приказната раскажана од Хигин, „античките грци немале бабици“; сепак, на крајот на приказната, на слободните жени им е дозволено да учат „медицина“. Ова го остава отворено прашањето дали Агнодика би требало да биде првата бабица или прва жена лекар. Ненси Деманд тврди дека во хипократскиот период, некои бабици го зголемиле својот статус работејќи заедно со машки лекари.[7] Сепак, тешкотијата да се стави датум на приказната за Агнодика значи дека не можеме да ја поврземе со овој аргумент. Надвор од приказната, имаме докази не само за акушерки во Стара Грција, туку и за жени лекари, кои можеби ги лекувале сите пациенти, а не само жените и децата.[8] Овој доказ доаѓа од натписи; во хипократските трактати не се споменуваат акушерки, туку „женски исцелители“ (iatrinai). Хипократските трактати вклучуваат Исечок на фетусот, кој детално опишува како да се отстрани дете ако породувањето не се одвива нормално.[9] Не е јасно дали постоењето на овој трактат значи дека жените биле вклучени само во нормално породување, а мажите во останатите случаи.

Влијание врз жените во медицината

уреди

На приказната за Агнодика се повикува уште од шеснаесеттиот век со цел да се тргнат рестрикциите поврзани со полот во рамките на медицинската професија.[10] Така, приказната се користела пример во подемот на акушерството во XVIII век и во борбата на жените за влез во медицинската професија во XIX век. Елизабет Селие, „Попиш-бабица“ од XVII век, се смета за модерната Агнодика.[11]

Агнодика е симбол на жена научник или емпиричар и верник во општествените промени или поборник на конзервативизмот. Генерално, приказната за Агнодика е корисна за прогресивните движења што се однесуваат на здравјето на жените и често е користена како инспирација за жени кои се обидуваат да просперираат во машко доминирани професии, особено во медицинската нега. Акушерката од 19 век, Мари Бовин, на пример, била претставена, во нејзиното време, како помодерно, архетипско олицетворение на Агнодика, заради нејзините научни заслуги.[11]

Белешки

уреди
  1. 1,0 1,1 King 2013.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 King 1986.
  3. 1957-, King, Helen. The one-sex body on trial: the classical and early modern evidence. Farnham. ISBN 9781409463368. OCLC 856870739.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  4. King 2017.
  5. Greenhill 1870.
  6. Alic, Margaret (1986). Hypatia's heritage: a history of women in science from antiquity to the late nineteenth century. London: Women's Press. стр. 28. ISBN 0704339544. OCLC 14067772.
  7. Demand, Nancy H. (1994). Birth, death, and motherhood in Classical Greece. Baltimore: Johns Hopkins University Press. ISBN 0801847621. OCLC 29255114.
  8. Flemming, Rebecca (2007). „Women, writing, and medicine in the classical world“. Classical Quarterly. 57: 257–279. doi:10.1017/s0009838807000225.
  9. King, Helen (10 June 2017). „Birth and risk: perceiving risk in historical societies“. Посетено на 11 December 2018.
  10. King, Helen (18 October 2017). „Agnodice: reading the story“. Посетено на 11 December 2018.
  11. 11,0 11,1 The Art of Midwifery: early modern midwives in Europe. Marland, Hilary. London: Routledge. 1993. ISBN 0415064252. OCLC 26933109.CS1-одржување: друго (link)

Наводи

уреди
  • King, Helen (1986), „Agnodike and the Profession of Medicine“, Proceedings of the Cambridge Philological Society, 32: 53–77, doi:10.1017/S006867350000482X
  • King, Helen (2013), The One-Sex Body on Trial: The Classical and Early Modern Evidence, Farnham, United Kingdom: Ashgate Publishing, ISBN 9781138247628King, Helen (2013), The One-Sex Body on Trial: The Classical and Early Modern Evidence, Farnham, United Kingdom: Ashgate Publishing, ISBN 9781138247628
  • King, Helen (2017), Agnodice: reading the story, Посетено на 18 October 2017
  • Retief, F. P.; Cilliers, L. (2006), „The Healing Hand: The Role of Women in Greco-Roman Medicine“, Acta Theologica, 26 (2)