Карола Хансон-Боетиус (родена на 7 септември 1942 година) — шведски романописец, драматург и преведувач.[1]

Животопис

уреди

Првиот роман на Хансон, Детето од соништата е објавен во 1983 година, во кој се презентирани чувствата на страв и копнеж што ги доживеала во детството и кои ги типизираат нејзините подоцнежни дела, особено Момчето од Ерусалим (1986), Двете градини (1989) и Патување до сината куќа (1991). Таа станала широко позната во 1994 година со Андреј, роман за семејството Толстој, кој бил одлично прифатен од критичарите.[1][2] Нејзиното најново дело, Со име како моето, 2009, продолжува од Андреј во една епизода заснована на средба помеѓу авторот и некој што тврди дека го познавал синот на Толстој, Иљја Толстој.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Lisbeth Larsson. „Hansson, Carola“. The History of Nordic Women's Literature. Архивирано од изворникот на 9 March 2014. Посетено на 24 January 2015.
  2. „Carola Hansson“. Norstets. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 24 January 2015.
  3. „Tillbaka hos Tolstoj“. SvD Kultur. Посетено на 24 January 2015.