Викторија Лоба

македонска пејачка

Викторија Лоба (руски: Виктория Лоба, р. 17 октомври 1988, во Таганрог) — македонска пејачка.

Викторија Лоба
Родена 17 октомври 1988
Таганрог,  Русија
Занимање пејачка
ЖанровиПоп
Инструментивокал
Активност2003 -

Животопис

уреди

Викторија Лоба е родена во Таганрог, Ростовска област, Русија на 17 октомври 1988 година. Подоцна, на свои 8 години, со семејството се преселува во Скопје.[1] Таа е присутна на музичка сцена и ТВ станиците во Македонија уште од најмалата возраст. Во музичките води влегува во 2003 година кога ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во дует со Марија Арсовска и песната „Ти не ме познаваш“ каде се пласираа на 12. место.[2]

Во 2004 година, таа освои 1 награда, и беше наградена со Златна диплома за естраден пејач во сениорската група на Меѓународниот фестивал „Роза на ветрови“ (Роза Ветров), кој се одржа во Москва.

Од 2008 до 2010 Викторија беше фронтмен и пејач на македонската група „Тумбао салса бенд“, која свири бразилска, португалска и кубанската музика, и во исто време таа беше постојано присутна на телевизиските екрани со музичкото шоу "Котон клуб" на Алфа телевизија како член на „Тумбао салса бенд“.

Во 2010 година Викторија го завршува Државно музичко училиште (ДМБУЦ) „Иљја Николовски Луј“ во Скопје, Македонија, насока - соло пеење.

Во 2010 година, најпозната манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, ја наградува Викторија Лоба со „Откритие на годината“. Две години по ред, во 2011 и 2012 година, таа настапуваше на летниот фестивал „Љубовта и среќата“ во Охрид, Македонија, како специјален гостин заедно со Tom Boxer & Morena.

Во 2011 година, на Меѓународниот фестивал во Македонија „Охрид Фест“ ја освои 2-та награда во поп вечерта, и 3-та награда во интернационалната вечер, со песната „Девет работи“. Таа и Роберт Билбилов биле дел од видео натпреварот OGAE 2012 со песната „Ти си виновна“, и го освоиле 11-тото место.

Викторија Лоба со официјалната песна „Почувствувај го ритамот“ отвори еден од најпрестижните македонски музички фестивали на модерната поп - рок-музика Макфест 2012. Оваа песна беше официјална химна на фестивалот таа година. Во 2013 година, со својот хит „Summer Love“ таа се искачи на првото место на холандската топ листа за млади таленти од Европа, Spinnin' Records, и остана на таа позиција долго време.

Во 2014 година, на меѓународниот фестивал во Македонија „Макфест“, Викторија ја освои наградата за најдобар настап со песната „Само мој“.

Таа се натпреварувала на Скопје Фест 2014 кој беше избор за песна што ќе ја претставува Македонија на Евровизија 2015, со песната „Една единствена“, и завршила на седмото место.[3]

Викторија има искуство и како глумица. Во 2007 година таа ја играше главната улога во драмата „Лолита“ од Владимир Набоков, во драмскиот театар во Скопје.

Исто така, таа често се појавува во телевизиски реклами, како што се ТВ реклама за претпријатието „ОНЕ телекомуникации“ и за претпријатието за минерална вода „Пелистерка“. Исто така, таа учествуваше во кампања организирана од страна на Владата за превенција од злоупотреба на дрога.

Спотови

уреди
Спот Година Режисер
Врати се 2008 Фабрика
Слобода 2011 Андреј
Ти си виновна 2011 Alexander
Опиум 2015 “Exit B“ продукција
Киша и сунце 2016 Миодраг Маркович
Дојди 2017 Мелем продукција
Херој 2018 Даниел Јовески
Каде сме ние 2018 Даниел Јовески
Над небото 2018 Дарко Митев-АРГОНА
Воздишка 2019 Дарко Митев-АРГОНА

Наводи

уреди
  1. „Viktorija Loba, šarmantna Makedonka ruskog porijekla“. Klix.ba (босански). Посетено на 2020-10-05.
  2. „Junior Eurovision 2003: Where are they now?“. wiwibloggs (англиски). 2015-11-15. Посетено на 2020-10-05.
  3. News, Eurovision; News, Participants; Participants, Eurovision; Fans (2014-09-26). „Eurovision FYR Macedonia: Skopje Fest participants revealed - ESCToday.com“. Eurovision News, Polls and Information by ESCToday (англиски). Посетено на 2020-10-05.

Надворешни врски

уреди
Интервјуа
Видеа

Музичко Портфолио